Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Јован 6:50-69

Јован 6:50-69 MK2006

а ова е леб што доаѓа од небото, и оној, кој јаде од него, нема да умре. Јас сум живиот леб што слезе од не­бото; кој јаде од овој леб, ќе живее веч­но; а лебот што ќе го дадам Јас, е Мо­ето тело, што ќе го предадам за животот на светот.“ Јудејците пак почнаа да се препира­ат меѓу себе, велејќи: „Како може Овој да ни го даде телото Свое да го јадеме?“ А Исус им рече: „Вистина, вистина ви кажувам: ако не го јадете телото на Синот Човечки и не ја пиете крвта Не­гова, не ќе имате живот во себе. Кој го јаде Моето тело и ја пие Мо­јата крв, има живот вечен и Јас ќе го воскреснам во последниот ден. Зашто Моето тело е вистинска хра­на, и Мојата крв – вистинска напивка. Кој јаде од Моето тело и пие од Мо­јата крв, ќе биде во Мене и Јас во него. Како што Ме прати живиот Отец и Јас живеам преку Отецот, така и тој што јаде од Мене, ќе живее преку Ме­не. Ова е лебот што слезе од небото, а не како татковците ваши што јадеа ма­на и изумреа; кој јаде од овој леб, ќе жи­вее довека.“ Ова го кажа Исус во синагогата, ко­га поучуваше во Капернаум. Тогаш мнозина од учениците Не­го­ви, кои слушаа, рекоа: „Тешки се овие зборови! Кој може да ги слуша!?“ А Исус, знаејќи во Себе дека учениците Негови се бунат против тоа, им рече: „Зар ова ве соблазнува? А што ако Го видите Синот Чо­веч­ки како се вознесува горе, каде што бил порано? Духот е тој што оживува; телото ништо не помага. Зборовите што ви ги кажав се дух и живот. Но има меѓу вас и некои што не ве­руваат.“ Исус знаеше од почеток кои се тие што не веруваат и кој е тој што ќе го предаде. И рече: „Затоа ви зборувам дека ни­кој не може да дојде кај Мене, ако не му биде дадено од Мојот Отец.“ Од тоа време мнозина од Неговите ученици се повлекоа и не одеа веќе со Него. Тогаш им рече Исус на дванаесет­те: „Да не сакате и вие да си отидете?“ А Симон Петар Му одговори: „Гос­поди, кај кого ќе отидеме? Ти имаш збо­рови за вечен живот, и ние поверувавме и познавме дека си Божјиот Светител (Христос, Син на живиот Бог).“