А приквечер, учениците Негови слегоа до морето, влегоа во кораб и тргнаа преку морето кон Капернаум. Морето, пак, се подигаше, зашто дуваше силен ветар. И кога беа поминале дваесет и пет – до триесет стадии, Го видоа Исус како оди по морето и се приближува кон коработ, па се уплашија. Но Тој им рече: „Јас сум, не плашете се!“ Тие сакаа да Го примат во коработ и веднаш коработ пристигна до брегот, каде што одеа. Утредента наутро народот, што стоеше од другата страна на морето, забележа дека таму немаше друг кораб, освен еден, во кој влегоа учениците Негови, и дека Исус не влезе во коработ со учениците Свои, а тие сами заминаа. И други кораби дојдоа од Тиверијада, близу до она место каде што беа јале леб, по благословувањето Господово. И кога видоа луѓето дека Исус не беше таму, ниту учениците Негови, влегоа сами во кораби и дојдоа во Капернаум да Го бараат Исус.
Прочитај Јован 6
Слушај Јован 6
Сподели
Спореди ги сите верзии: Јован 6:16-24
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност
Дома
Библија
Планови
Видеа