Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Јован 6:16-24

Јован 6:16-24 MK2006

А приквечер, учениците Негови слегоа до морето, влегоа во кораб и тргнаа преку мо­рето кон Капернаум. Морето, пак, се подигаше, зашто дуваше силен ветар. И кога беа поминале дваесет и пет – до триесет стадии, Го видоа Исус ка­ко оди по морето и се приближува кон коработ, па се уплашија. Но Тој им рече: „Јас сум, не пла­ше­те се!“ Тие сакаа да Го примат во коработ и веднаш коработ пристигна до брегот, каде што одеа. Утредента наутро народот, што стоеше од другата страна на морето, за­бележа дека таму немаше друг кораб, освен еден, во кој влегоа учениците Не­гови, и дека Исус не влезе во коработ со учениците Свои, а тие сами заминаа. И други кораби дојдоа од Ти­ве­ри­ја­да, близу до она место каде што беа јале леб, по благословувањето Господово. И кога видоа луѓето дека Исус не беше таму, ниту учениците Негови, влегоа сами во кораби и дојдоа во Ка­пернаум да Го бараат Исус.

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност