Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Јован 6:1-15

Јован 6:1-15 MK2006

Потоа Исус отиде на другата страна од Галилејското Море, на­ре­чено Тиверијадско. И по него одеше многу народ, зашто ги гледаа чудата Негови што ги вр­шеше над болните. А Исус отиде во гората и таму се­де­ше со учениците Свои. И наближуваше јудејскиот празник Пасха. Исус, пак, откако ги подигна очите, ви­де дека кон Него иде многу народ му рече на Филип: „Од каде да купиме леб за да јадат овие?“ А тоа го рече за да го искуша, зашто Сам знаеше што ќе направи. Филип Му одговори: „Не ќе им биде доволно леб за двесте денарии, па да до­бие секој од нив по малку!“ Еден од учениците Негови, Андреј, братот на Симон Петар, Му рече: „Овде се наоѓа едно момче кое има пет јачменови лебови и две риби; но што е тоа за толку души?“ Исус рече: „Кажете им на луѓето да поседнат!“ А на тоа место имаше многу трева. Тогаш поседнаа луѓето, на број околу пет илјади. Исус ги зеде лебовите, заблагодари и им ги подаде на оние што поседнаа; исто така и од рибите, кој колку сака­ше. А кога се наситија, им рече на уче­ниците Свои: „Соберете ги останатите парчиња за да не се загуби ништо!“ И од петте јачменови лебови собраа и наполнија дванаесет кошници пар­чи­ња, што им преостанаа на оние што ја­деа. Луѓето, кога го видоа чудото што го направи Исус, рекоа: „Овој е навистина Пророкот Кој требаше да дојде на светот!“ Но Исус, штом разбра дека сакаат да дојдат и да Го фатат за да го прогла­сат за цар, се повлече Сам во гората.

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност