А по два дни, Тој замина оттаму и отиде во Галилеја. Зашто Сам Исус беше посведочил дека пророкот во своето родно место нема почит. Кога дојде, пак, во Галилеја, Галилејците Го примија, зашто беа виделе сѐ што извршил во Ерусалим на празникот; зашто и тие беа на празникот. И така, Исус пак дојде во Кана Галилејска, каде што беше претворил вода во вино. Имаше еден царски човек, чиј син беше болен во Капернаум. Тој, штом чу дека Исус пристигнал од Јудеја во Галилеја, отиде кај Него и Го замоли да слезе и да му го излекува синот, зашто беше на умирање. А Исус му рече: „Ако не видите знаци и чуда, нема да поверувате?“ Царскиот човек Му рече: „Господи, дојди додека уште не ми умрело детето!“ А Исус му одговори: „Оди си! Твојот син е жив!“ И човекот поверува на зборот што му го кажа Исус и си замина. И веднаш, уште додека слегуваше, го сретнаа слугите негови и му јавија: „Синот твој е жив!“ А тој ги праша за часот кога му станало полесно. Тие му одговорија: „Од вчера во седмиот час веќе нема треска.“ Тогаш таткото разбра дека тоа станало во истиот час кога Исус му рече: „Твојот син е жив!“ И поверува тој и целиот негов дом. Ова беше второто чудо што го изврши Исус, кога пристигна од Јудеја во Галилеја.
Прочитај Јован 4
Слушај Јован 4
Сподели
Спореди ги сите верзии: Јован 4:43-54
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа