Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Јован 4:31-38

Јован 4:31-38 MK2006

Во тоа време, пак, учениците Го мо­леа, велејќи: „Рави, јади!“ Но Тој им рече: „Јас имам храна за јадење, што вие не ја знаете.“ Тогаш учениците си проговорија меѓу себе: „Да не Му донел некој да ја­де?“ А Исус им рече: „Мојата храна е да ја исполнувам волјата на Оној Кој Ме пратил и да го извршам Неговото дело. Не велите ли вие дека уште четири месеци, па ќе настане жетва? А јас, пак, ви кажувам: подигнете го погледот и видете ги нивите како побелеле, готови за жетва. И жетварот веќе добива плата и со­бира плод за вечен живот, та да се радуваат заедно и сејачот и жетварот. Зашто во ова вистинита станува поговорката: ‚Еден сее, а друг жнее.‘ Јас ве испратив да го жнеете она за што не сте се труделе; други се трудеа, а вие влеговте во нивниот труд.“

Бесплатни планови за читање и побожни текстови поврзани со Јован 4:31-38