Меѓу фарисеите имаше еден човек по име Никодим, началник јудејски. Тој дојде кај Исус ноќно време и Му рече: „Рави! Знаеме дека си Ти учител, дојден од Бога, зашто никој не може да ги прави овие чуда што ги правиш Ти, ако Бог не е со него.“ Исус му одговори и рече: „Вистина, вистина ти велам: ако некој не се роди одозгора, не може да го види царството Божјо.“ Никодим Му рече: „Како може човек да се роди кога е стар? Зар може по вторпат да влезе во утробата на мајка си и да се роди?“ А Исус му одговори: „Вистина, вистина ти велам: ако некој не се роди од вода и Дух, не може да влезе во царството Божјо; зашто, роденото од тело, е тело; а роденото од Дух, е дух. Затоа, не чуди се што ти реков: вие треба да се родите одозгора. Ветрот дува каде што сака и гласот негов го слушаш, но не знаеш од каде иде и на каде оди; така е со секој човек роден од Духот.“ Никодим Му одговори и рече: „Како може тоа да биде?“ Исус одговори и му рече: „Ти си учител во Израел, па тоа ли не го знаеш? Вистина, вистина ти велам: ние зборуваме за она што знаеме, и сведочиме за она, што сме виделе; а вие нашето сведоштво не го примате. Кога за земни работи ви зборувам и не верувате, како ќе поверувате кога би ви говорел за небесните? Никој не се искачил на небото, освен Синот Човечки, Кој слезе од небото и Кој е на небото. И како што Мојсеј ја подигна змијата во пустината, така треба да се издигне и Синот Човечки, та секој што верува во Него да не загине, но да има живот вечен.
Прочитај Јован 3
Слушај Јован 3
Сподели
Спореди ги сите верзии: Јован 3:1-15
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа