Потоа пак им се јави Исус на учениците Свои кај Тиверијадското Море. А тоа се случи вака: беа заедно Симон Петар и Тома, кого го викаа Близнак, Натанаил од Кана Галилејска, Заведеевите синови и двајца други од учениците Негови. Симон Петар им рече: „Ќе одам да ловам риба.“ Му рекоа: „И ние ќе дојдеме со тебе.“ Тогаш излегоа и веднаш влегоа во кораб, но таа ноќ ништо не уловија. А кога се раздени, застана Исус на брегот, само учениците не го познаа дека е Исус. Исус им рече: „Чеда, имате ли нешто за јадење?“ Му одговорија: „Не.“ А Тој им рече: „Фрлете ја мрежата од десната страна на коработ и ќе најдете!“ Ја фрлија, и не можеа веќе да ја извлечат од многу риби. Тогаш ученикот, што го сакаше Исус, му рече на Петар: „Тоа е Господ!“ А Симон Петар, штом чу дека е Господ, си ја препаша облеката – зашто беше необлечен, и се фрли во морето.
Прочитај Јован 21
Слушај Јован 21
Сподели
Спореди ги сите верзии: Јован 21:1-7
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа