А Тома, еден од дванаесетте, наречен Близнак, не беше со нив кога дојде Исус. Другите ученици му рекоа: „Го видовме Господа!“ А тој им рече: „Додека не ги видам раните од клинците на рацете Негови, и не го ставам прстот свој во раните од клинците, и не ја ставам раката своја во ребрата Негови, нема да поверувам!“ А по осум дена учениците Негови пак беа собрани, и Тома со нив. Дојде Исус, кога вратата беше заклучена, застана меѓу нив и рече: „Мир вам!“ Потоа му рече на Тома: „Дај го прстот свој овде и види ги рацете Мои; дај ја раката своја и стави ја во ребрата Мои; и не биди неверлив, туку поверувај!“ Одговори Тома и Му рече: „Господ мој и Бог мој!“ Исус му рече: „Тома, ти поверува затоа што Ме виде; блажени се оние кои не виделе, а поверувале.“ И многу други чуда изврши Исус пред учениците Свои, што не се запишани во оваа книга. А овие се запишани за да поверувате дека Исус е Христос, Синот Божји, и верувајќи да имате живот во Неговото име.
Прочитај Јован 20
Слушај Јован 20
Сподели
Спореди ги сите верзии: Јован 20:24-31
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа