Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Јован 20:24-29

Јован 20:24-29 MK2006

А Тома, еден од дванаесетте, на­ре­чен Близнак, не беше со нив кога дојде Исус. Другите ученици му рекоа: „Го ви­довме Господа!“ А тој им рече: „Додека не ги видам раните од клинците на ра­цете Негови, и не го ставам прстот свој во раните од клинците, и не ја ставам раката своја во ребрата Негови, нема да поверувам!“ А по осум дена учениците Негови пак беа собрани, и Тома со нив. Дојде Исус, кога вратата беше заклучена, застана меѓу нив и рече: „Мир вам!“ Потоа му рече на Тома: „Дај го прс­тот свој овде и види ги рацете Мои; дај ја раката своја и стави ја во ребрата Мои; и не биди неверлив, туку поверувај!“ Одговори Тома и Му рече: „Господ мој и Бог мој!“ Исус му рече: „Тома, ти поверува затоа што Ме виде; блажени се оние кои не виделе, а поверувале.“