Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Јован 20:19-29

Јован 20:19-29 MK2006

А вечерта во истиот ден, првиот од седмицата, кога вратата, каде што беа учениците Негови собрани, беше зат­во­рена поради страв од Јудејците, дојде Исус, застана насреде и им рече: „Мир вам!“ И ова штом го рече, им ги покажа рацете и нозете и ребрата Свои. Се за­радуваа тогаш учениците, штом Го ви­доа Господа. А Исус пак им рече: „Мир вам! Ка­ко што Ме прати Отецот, така и Јас ве праќам.“ И кога им го кажа ова, дувна и им рече: „Примете Дух Свети! На кои ќе им ги простите гре­во­ви­те, ќе им се простат, а на кои ќе им ги за­држите, ќе им се задржат.“ А Тома, еден од дванаесетте, на­ре­чен Близнак, не беше со нив кога дојде Исус. Другите ученици му рекоа: „Го ви­довме Господа!“ А тој им рече: „Додека не ги видам раните од клинците на ра­цете Негови, и не го ставам прстот свој во раните од клинците, и не ја ставам раката своја во ребрата Негови, нема да поверувам!“ А по осум дена учениците Негови пак беа собрани, и Тома со нив. Дојде Исус, кога вратата беше заклучена, застана меѓу нив и рече: „Мир вам!“ Потоа му рече на Тома: „Дај го прс­тот свој овде и види ги рацете Мои; дај ја раката своја и стави ја во ребрата Мои; и не биди неверлив, туку поверувај!“ Одговори Тома и Му рече: „Господ мој и Бог мој!“ Исус му рече: „Тома, ти поверува затоа што Ме виде; блажени се оние кои не виделе, а поверувале.“