Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Јован 20:1-31

Јован 20:1-31 MK2006

Во првиот ден од седмицата Марија Магдалена дојде на гробот рано, уште додека беше темно, и виде дека каменот од гробот е поместен. Тогаш отрча и дојде кај Симон Пе­тар и кај другиот ученик, кого Исус го љубеше, и им рече: „Го дигна­ле Господ од гробот и не знам каде Го положиле.“ Тогаш излезе Петар и другиот уче­ник, и појдоа кон гробот. И обајцата трчаа заедно, но другиот ученик трчаше побргу од Петар и прв дојде до гробот. И кога се наведна, виде дека лежи само повојот; но не влезе. По него дојде Симон Петар, влезе во гробот и виде дека само повојот стои; а крпата, што Му беше на главата негова, не стоеше кај повојот, туку одделно, свиткана на едно место. Тогаш влезе и другиот ученик, кој прв дојде до гробот, и виде, и поверува, зашто уште не го знаеја Писмото де­ка Тој треба да воскресне од мртвите. Тогаш учениците се вратија дома. А Марија стоеше кај гробот однадвор и плачеше. И, плачејќи, се наведна над гробот; и виде два ангела во бели облеки како седат, едниот кај главата, а другиот кај нозете, каде што беше лежело телото Исусово. Тие ѝ рекоа: „Жено, зошто пла­чеш?“ Им одговори: „Го кренале Гос­под мој и не знам каде Го положиле!“ Штом го рече ова, се заврте назад и Го виде Исус како стои; но не знаеше дека е Исус. Исус ѝ рече: „Жено, зошто плачеш? Кого го бараш?“ Таа, мислејќи дека е градинарот, Му рече: „Господине, ако си Го зел Ти, кажи ми каде си Го по­ло­жил, и јас ќе Го земам.“ Исус ѝ рече: „Марија!“ Таа се заврти и Му рече: „Равуни“ – што значи: „Учителе!“ И рече Исус: „Не допирај се до Мене, зашто уште не сум се вратил кај Мојот Отец; туку отиди кај браќата Мои и кажи им: се враќам кај Својот Отец и вашиот Отец, кај Својот Бог и кај вашиот Бог.“ Дојде Марија Магдалена и им кажа на учениците дека Го видела Господ и дека тоа ѝ рекол. А вечерта во истиот ден, првиот од седмицата, кога вратата, каде што беа учениците Негови собрани, беше зат­во­рена поради страв од Јудејците, дојде Исус, застана насреде и им рече: „Мир вам!“ И ова штом го рече, им ги покажа рацете и нозете и ребрата Свои. Се за­радуваа тогаш учениците, штом Го ви­доа Господа. А Исус пак им рече: „Мир вам! Ка­ко што Ме прати Отецот, така и Јас ве праќам.“ И кога им го кажа ова, дувна и им рече: „Примете Дух Свети! На кои ќе им ги простите гре­во­ви­те, ќе им се простат, а на кои ќе им ги за­држите, ќе им се задржат.“ А Тома, еден од дванаесетте, на­ре­чен Близнак, не беше со нив кога дојде Исус. Другите ученици му рекоа: „Го ви­довме Господа!“ А тој им рече: „Додека не ги видам раните од клинците на ра­цете Негови, и не го ставам прстот свој во раните од клинците, и не ја ставам раката своја во ребрата Негови, нема да поверувам!“ А по осум дена учениците Негови пак беа собрани, и Тома со нив. Дојде Исус, кога вратата беше заклучена, застана меѓу нив и рече: „Мир вам!“ Потоа му рече на Тома: „Дај го прс­тот свој овде и види ги рацете Мои; дај ја раката своја и стави ја во ребрата Мои; и не биди неверлив, туку поверувај!“ Одговори Тома и Му рече: „Господ мој и Бог мој!“ Исус му рече: „Тома, ти поверува затоа што Ме виде; блажени се оние кои не виделе, а поверувале.“ И многу други чуда изврши Исус пред учениците Свои, што не се за­пи­шани во оваа книга. А овие се запишани за да поверува­те дека Исус е Христос, Синот Божји, и верувајќи да имате живот во Неговото име.

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност