Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Јован 19:1-30

Јован 19:1-30 MK2006

Тогаш Пилат Го зеде Исус и Го предаде да го камшикуваат. Војниците сплетоа венец од трње, Му го кладоа на главата и Му облекоа багреница, и велеа: „Те поздравуваме, Царе Јудејски!“ – и Го удираа по образите. Пилат пак излезе надвор и им рече: „Еве, ви Го изведувам надвор, за да раз­берете дека не наоѓам во Него никаква вина.“ Тогаш излезе Исус надвор, со трнов венец, и багреница. И им рече Пилат: „Еве Го Човекот!“ А кога Го видоа првосвештениците и слугите, завикаа и рекоа: „Распни Го, распни!“ Пилат им рече: „Земете Го вие и распнете Го, зашто јас не наоѓам во Него вина.“ Јудејците му одговорија: „Ние има­ме Закон и според нашиот Закон Тој треба да умре, зашто Сам се направи Син Божји.“ Кога го чу Пилат овој збор, уште повеќе се исплаши. И пак влезе во преторијата и Му ре­че на Исус: „Од каде си Ти?“ Но Исус не му даде одговор. Пилат Му рече: „Мене ли не ми од­говараш? Не знаеш ли дека имам власт да Те распнам, и власт имам да Те пуш­там!?“ Исус одговори: „Ти не би имал ни­каква власт над Мене ако не ти беше дадено одозгора; затоа поголем грев има оној што Ме предаде на тебе.“ Оттогаш Пилат гледаше да Го пуш­ти. Но Јудејците пак викаа, зборувајќи: „Ако Го пуштиш Него, не си му пријател на цезарот. Секој што се прави цар, противник му е на цезарот.“ Штом го чу овој збор, Пилат Го из­веде Исус надвор и седна на судскиот стол, на местото што се вика Литос­тро­тон, а по еврејски Гавата. Тогаш беше петок пред Пасха, околу шестиот час. И им рече Пилат на Јудејците: „Еве Го вашиот Цар!“ Но тие викаа: „Земи, земи, распни Го!“ Пилат им рече: „Царот ваш ли да Го распнам?“ Првосвештениците одго­во­рија: „Ние немаме цар, освен це­за­рот.“ И тогаш им Го предаде за да биде распнат. И Го зедоа Исус, и Го поведоа. И носејќи го Својот крст, Тој излезе на местото наречено Черепница, а по еврејски Голгота; таму Го распнаа, а со Него и други двајца, од едната и од другата страна, а насреде – Исус. Пилат, пак, напиша и натпис, и го кладе на крстот. А беше напишано: „Исус од Назарет, цар Јудејски.“ Овој натпис го читаа мнозина од Ју­дејците, бидејќи местото, каде што бе­ше распнат Исус беше близу до градот; а беше напишано на еврејски, грчки и латински. Првосвештениците, пак, јудејски му рекоа на Пилат: „Не пишувај: Цар Ју­дејски, туку дека Тој рече: Јас сум Цар Јудејски.“ Пилат одговори: „Што напишав, напишав.“ А војниците, кога Го распнаа Исус, ги зедоа алиштата Негови и ги раз­делија на четири дела, по еден дел на секого и хитонот. Хитонот, пак, не бе­ше шиен, туку исткаен одозгора па до­долу. Тогаш си рекоа: „Да не го расипуваме, но да фрлиме за него ждрепка, чиј ќе биде“ – за да се збидне кажаното во Писмото: „Ги разделија алиштата Мои меѓу себе и за облеката Моја фрлија ждрепка.“ Така и направија војниците. Покрај крстот Исусов стоеја мајка Му Негова и сестрата на мајка Му, Ма­рија Клеопова, и Марија Магдалена. А Исус, штом ја виде мајка Си, и ученикот кого посебно го љубеше, како стои, ѝ рече на мајка Си: „Жено, ете ти син!“ Потоа му рече на ученикот: „Ете ти мајка!“ И од тој час ученикот ја зеде кај себе. По ова, знаејќи Исус дека сѐ е свр­шено, за да се исполни Писмото, рече: „Жеден сум.“ Таму стоеше сад, полн со оцет. Тие наквасија сунѓер во оцетот, го зака­чија на трска и Му принесоа до устата Негова. А кога вкуси Исус оцет, рече: „Се сврши!“ И кога ја наведна главата, го предаде духот.

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност