Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Јован 17:20-26

Јован 17:20-26 MK2006

Но не се молам само за нив, туку и за оние што преку нивните зборови ќе поверуваат во Мене, за да бидат сите едно, како што си Ти, Оче, во Мене, и Јас во Тебе; па така и тие да бидат во Нас едно, и да поверува светот дека Ти си Ме пратил. И славата што си Ми ја дал, ним им ја дадов, за да бидат едно, како што сме Ние. Јас сум во нив и тие се во Мене, за да бидат во сѐ едно, и да дознае светот дека Ти си Ме испратил, и нив си ги возљубил, како Мене што Ме возљуби. Оче, сакам и оние што си Ми ги дал да бидат со Мене, каде што сум Јас, за да ја гледаат Мојата слава што си Ми ја дал, зашто ме возљуби уште пред да се создаде светот. Оче Праведен, светот не Те позна, Јас Те познав; и овие познаа дека Ти си Ме испратил; и им го објавив името Твое, и ќе го известувам, та љубовта, со која Ме воз­љуби Ти, да биде во нив, и Јас во нив.“

Бесплатни планови за читање и побожни текстови поврзани со Јован 17:20-26