Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Јован 16:5-15

Јован 16:5-15 MK2006

„А сега одам кај Оној Кој Ме ис­пра­ти, и никој од вас не Ме праша: ‚Каде одиш?‘ Но затоа што ви го кажав ова, срцата ваши се исполнија со тага. Но Јас вистината ви ја кажувам: по­добро е за вас Јас да си отидам, зашто, ако не си отидам, Утешителот нема да дој­де кај вас; ако, пак, заминам, ќе ви Го пратам. А Тој, кога ќе дојде, ќе го изобличи светот за грев, и за правда, и за суд: за грев – дека не веруваат во Мене; за правда – оти Јас си одам кај Својот Отец, и веќе нема да Ме видите; а за суд – зашто кнезот на овој свет е осуден. Имам уште многу да ви кажувам, но сега не можете да носите. А кога ќе дојде Тој, Духот на Вис­тината, ќе ве упати во сета вистина; но од Себе нема да зборува, туку ќе говори што чуе, и ќе ви ја најави иднината. Тој Мене ќе Ме прослави, зашто од Моето ќе земе и ќе ви јави. Сѐ што има Отецот, Мое е; затоа и ви реков дека од Моето ќе земе и ќе ви јави.“