Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Јован 15:9-21

Јован 15:9-21 MK2006

Како што Ме возљуби Отецот, и Јас ве возљубив вас. Останете во Мојата љубов! Ако ги запазите Моите заповеди, ќе останете во љубовта Моја, како што Јас ги запазив заповедите на Мојот Отец и останувам во љубовта Негова. Ова ви го реков за да остане радоста Моја во вас и радоста ваша да биде полна. Ова е Моја заповед: да се љубите еден со друг, како што ве возљубив Јас. Никој нема поголема љубов од оваа: да ја положи душата своја за своите пријатели. Вие сте Ми пријатели ако го вр­ши­те она што ви заповедам Јас. Веќе не ве нарекувам слуги, зашто слугата не знае што работи господарот; туку ве нареков пријатели, бидејќи ви кажав сѐ што сум чул од Мојот Отец. Вие не Ме избравте Мене, туку Јас ве избрав вас и ве поставив да одите и да бидете плодоносни, и плодот ваш да ос­тане, та, што и да посакате од Отецот во Мое име, да ви даде. Оваа заповед ви ја давам: да се љу­бите еден со друг.“ „Ако светот ве мрази, знајте дека мене светот уште пред вас Ме замрази. Да бевте од овој свет, тогаш светот ќе го љубеше своето; но бидејќи не сте од светот, туку Јас ве избрав од светот – затоа светот и ве мрази. Помнете ги зборовите што ви ги реков Јас: ниеден слуга не е поголем од својот господар. Ако Мене Ме гонеа, и вас ќе ве гонат; ако Моите зборови ги запазија, и вашите ќе ги запазат. Но, сето ова ќе ви го прават заради Моето име, зашто не Го знаат Оној Кој Ме испрати.

Бесплатни планови за читање и побожни текстови поврзани со Јован 15:9-21

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност