Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Јован 15:12-27

Јован 15:12-27 MK2006

Ова е Моја заповед: да се љубите еден со друг, како што ве возљубив Јас. Никој нема поголема љубов од оваа: да ја положи душата своја за своите пријатели. Вие сте Ми пријатели ако го вр­ши­те она што ви заповедам Јас. Веќе не ве нарекувам слуги, зашто слугата не знае што работи господарот; туку ве нареков пријатели, бидејќи ви кажав сѐ што сум чул од Мојот Отец. Вие не Ме избравте Мене, туку Јас ве избрав вас и ве поставив да одите и да бидете плодоносни, и плодот ваш да ос­тане, та, што и да посакате од Отецот во Мое име, да ви даде. Оваа заповед ви ја давам: да се љу­бите еден со друг.“ „Ако светот ве мрази, знајте дека мене светот уште пред вас Ме замрази. Да бевте од овој свет, тогаш светот ќе го љубеше своето; но бидејќи не сте од светот, туку Јас ве избрав од светот – затоа светот и ве мрази. Помнете ги зборовите што ви ги реков Јас: ниеден слуга не е поголем од својот господар. Ако Мене Ме гонеа, и вас ќе ве гонат; ако Моите зборови ги запазија, и вашите ќе ги запазат. Но, сето ова ќе ви го прават заради Моето име, зашто не Го знаат Оној Кој Ме испрати. Да не бев дошол и да не им бев збо­рувал, грев немаше да имаат. Но сега тие немаат изговор за својот грев. Кој Ме мрази мене, Го мрази и Мо­јот Отец. Ако не бев направил меѓу нив дела, какви што никој друг не направил, грев немаше да имаат; а сега и видоа, и Ме замразија Мене и Мојот Отец. Но нека се изврши словото на­пи­ша­но во нивниот Закон дека Ме замразија без вина. А кога ќе дојде Утешителот, Кого што ќе Го испратам Јас од Отецот, Ду­хот на Вистината, Кој излегува од Оте­цот, Тој ќе сведочи за Мене; а и вие ќе сведочите, бидејќи од по­четокот сте со Мене.“

Бесплатни планови за читање и побожни текстови поврзани со Јован 15:12-27