Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Јован 13:1-10

Јован 13:1-10 MK2006

А пред празникот Пасха, знаејќи Исус дека Му дојде часот за да премине од овој свет кај Отецот, и би­дејќи ги засака Своите во светот, до крај ги засака. И на вечерата, кога ѓаволот беше вметнал во срцето на Јуда Симонов Ис­кариот за да Го предаде, Исус, знаејќи дека Отецот сѐ Му предал во рацете и дека од Бога излегол и дека кај Бога се враќа, стана од вечерата, ја соблече својата горна облека, зеде крпа и се препаша; потоа истури вода во сад за миење и почна да им ги мие нозете на учениците и да ги брише со крпата со која беше препашан. Дојде и кај Симон Петар, а тој Му рече: „Господи, Ти ли ќе ми ги миеш нозете?“ Исус одговори и му рече: „Јас што правам сега, ти не знаеш, но подоцна ќе разбереш.“ Петар Му рече: „Никогаш Ти нема да ми ги миеш нозете!“ Исус му одгово­ри: „Ако не те измијам, нема да имаш дел со Мене!“ Симон Петар Му рече: „Господи, то­гаш не само нозете мои, туку и рацете и главата!“ Исус му одговори: „На измиениот треба само нозете да му се измијат, заш­то целиот е чист, а вие сте чисти, но не сите.“