Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Јован 11:32-44

Јован 11:32-44 MK2006

А Марија, штом пристигна таму ка­де што беше Исус и кога Го виде, падна пред нозете Негови и рече: „Господи, да беше ти овде, немаше да умре брат ми!“ Исус, пак, кога ја виде како плаче, и Јудејците што беа дошле со неа како плачат, се натажи и се потресе, па рече: „Каде сте го положиле?“ Му рекоа: „Господи, дојди и види!“ Исус просолзи. Тогаш Јудејците рекоа: „Гледај, колку го сакал!“ Некои од нив, пак, велеа: „Не мо­жеше ли Овој, што ги отвори очите на слепиот, да направи и овој да не умре?“ А Исус, пак, се нажали во Себе и дојде до гробот; тоа беше пештера и ка­мен навален на неа. Рече Исус: „Кренете го каменот!“ Марта, сестрата на умрениот, Му рече: „Господи, мириса веќе; има четири дена откако е умрен!“ Исус ѝ рече: „Не ли ти реков дека, ако веруваш, ќе ја видиш славата Божја?“ Тогаш го дигнаа каменот каде што лежеше умрениот. А Исус ги подигна очите угоре и рече: „Оче, Ти благода­рам што Ме услиши. Јас знаев дека Ти секогаш Ме услишуваш; но ова го реков заради на­родов што стои наоколу, за да поверуваат дека Ти си Ме пратил.“ Кога го рече ова, извика со висок глас: „Лазаре, излези надвор!“ излезе умрениот, завиткан во платно по рацете и нозете; а лицето забрадено со крпа. Им рече Исус: „Одвиткајте го и оставете го да оди!“

Бесплатни планови за читање и побожни текстови поврзани со Јован 11:32-44

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност