Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Еремија 52

52
Пропаста на Ерусалим
1 # 2 Цар 24,18-20; 2 Лет 36,11-13 Седекија беше на дваесет и една година, кога почна да царува, и царуваше во Ерусалим единаесет години; името на неговата мајка беше Хаму­тал, ќерка на Еремија од Ливна. 2#22,13-17И тој вршеше зло пред очите на Гос­под, сето она што го правеше и Јоаким; 3поради тоа гневот Господов се нафрли врз Ерусалим и врз Јуда, додека ги отфрли од лицето Свое. А Седекија се одметна од вавилонскиот цар. 4#39,1-10; 2 Цар 25,1-21.27-30И во деветтата година од царувањето негово, во десеттиот месец, во десеттиот ден од месецот, дојде Навуходо­носор, вавилонскиот цар, тој и сета не­гова војска против Ерусалим, го опседна и подигна околу него насипи. 5И остана градот опсаден до единаесеттата година на царот Седекија. 6Во четвртиот месец, во деветтиот ден од месецот, се засили гладот во гра­дот, и народот во земјата немаше леб. 7Непријателот продре во градот и сите војници избегаа од градот ноќе низ портите, што се наоѓаа меѓу двата ѕида до царската градина, па отидоа по патот кон долината на Јордан; а Халдејците беа околу градот. 8Но халдејската војска изврши по­тера по царот, и го стигна Седекија во ерихонските рамнини, и сета војска не­гова се разбега од него. 9И го фатија царот и го доведоа пред вавилонскиот цар во Ривла, во земјата Хамат, каде што му беше судено. 10И така ги закла вавилонскиот цар синовите на Седекија пред очите него­ви, ги закла и сите кнезови јудејски во Ривла; 11#32,5; Ез 12,13а на Седекија му ги извади очите и заповеда да го оковат во окови; па го одведе вавилонскиот цар во Вавилон и го стави во затвор до денот на неговата смрт. 12Во петтиот месец, во десеттиот ден од месецот, тоа беше деветнаесеттата година на вавилонскиот цар Навуходо­носор, дојде во Ерусалим Навузардан, началникот на телохранителите, кој му служеше на царот вавилонски, 13#17,27; 37,8; 39,8; Ез 16,41и го запали домот Господов, цар­скиот дом и сите куќи во Ерусалим, и сите големи куќи со оган ги изгори. 14И сета војска халдејска, која беше со началникот на телохранителите, ги урна сите ѕидови околу Ерусалим. 15Навузардан, началникот на тело­хранителите, ги исели бедните и другиот народ, што беше останал во гра­дот, и одметниците, што му се предадоа на вавилонскиот цар, и воопшто сиот прост народ. 16Само неколкумина од бедните во земјата, Навузардан, началникот на телохранителите, ги остави како лозари и земјоделци. 17Халдејците ги испокршија и бронзените столбови, што беа во домот Господов, и подножјата, и бронзеното море, кое беше во домот Господов, па го однесоа сиот бронзен прибор во Вави­лон. 18И ги зедоа котлите, лопатките, но­жевите, чашите, лажиците и сите брон­зени садови што се употребуваа при богослужбата; 19началникот на телохранителите ги зеде и умивалниците, и машичките, и чашите, и котлињата, и кандилцата, и секачите, сѐ што беше од злато и што беше од сребро; 20исто така, и двата столба, едно мо­ре, дванаесет бронзени волови кои слу­жеа како подножја, што царот Соломон ги направи во домот Господов; бронзата на сите тие предмети не можеше да се процени. 21Секој од тие столбови беше висок по осумнаесет лакти, а врв од дванаесет лакти ги опкружуваше, одвнатре беше шуплив, а страните му беа дебели четири прсти. 22И имаше над него бронзена глава, а главата беше висока пет лакти; и мре­жичката и наровите наоколу беа сите од бронза; исто така и другиот столб беше со нарови. 23Наровите од сите страни беа деве­десет и шест; а сите нарови околу мре­жичката – сто. 24Началникот на телохранителите го зеде исто така Сераја, првосвеште­никот, и Софонија, вториот свештеник, и трите чувари на прагот. 25А од градот зеде еден дворјанин, кој беше началник над војниците, и седум мажи, кои му служеа на царот, кои се наоѓаа во градот, и главниот писар во војската, кој го запишуваше народот од земјата за војска, како и шеесет мажи, од народот во земјата, кои се најдоа во градот. 26И ги зеде Навузардан, началникот на телохранителите, и ги одведе кај вавилонскиот цар во Ривла. 27#Плач 1,3И ги уби вавилонскиот цар и ги погуби во Ривла, во земјата Хамат; и та­ка Јуда беше иселен од својата земја.
Поробување на Јудејците
28Еве го народот, кој Навуходоносор го исели: во седмата година – три илјади дваесет и тројца Јудејци. 29Во осумнаесеттата година на Наву­ходоносор од Ерусалим беа иселени осумстотини триесет и две души. 30Во дваесет и третата година на Навуходоносор, Навузардан, начални­кот на телохранителите, исели седумстотини четириесет и пет души Јудејци; сѐ на сѐ – четири илјади и шестотини души.
Ослободување на царот Јоаким
31Во триесет и седмата година по прогонството на јудејскиот цар Јоаким, во дванаесеттиот месец, во дваесет и петтиот ден од месецот, Евил-Меродах, цар вавилонски, во првата година од своето царување, го помилува јудеј­скиот цар Јоаким и го изведе од затвор. 32И откако пријателски си поразговараа, го постави престолот негов повисоко од престолите на другите цареви, што беа кај него во Вавилон; 33и му ги смени затворските облеки, па тој секогаш со него јадеше во сите дни од животот свој. 34И трошоците негови, разните потреби, му се даваа од царот секој ден до денот на неговата смрт, во текот на сите денови од неговиот живот.

Селектирано:

Еремија 52: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се