Еремија 40
40
Ослободување на Еремија
1И дојде слово Господово до Еремија, откако Навузардан, началникот на телохранителите, го отпушти од Рама, каде што го беше зел окован во вериги од другите заробени ерусалимци и Јудејци, преселувани во Вавилон. 2Началникот на телохранителите го зеде Еремија и му рече: „Твојот Господ Бог го изрече ова зло врз ова место 3и го испрати Господ, и направи, како што рече – бидејќи вие згрешивте пред Господ и не го послушавте гласот Негов, и ете заради тоа и ве постигна ова. 4#39,12; 1 Мојс 13,9; 20,15Па така, еве, јас денес те ослободувам од веригите, што ти се на рацете твои; ако ти е угодно да дојдеш со мене во Вавилон, дојди и јас ќе се грижам за тебе; ако, пак, не ти е угодно да дојдеш со мене во Вавилон, остани овде. Еве, оваа земја е пред тебе; каде што ти е угодно и каде што ти е мило да одиш, појди таму.“ 5Додека тој уште не беше тргнал, Навузардан рече: „Оди кај Годолија, синот на Ахикам, синот Сафанов, кого вавилонскиот цар го постави за началник над јудејските градови, и остани со него меѓу народот; или, оди, каде што ти е мило да одиш.“ И началникот на телохранителите му даде храна и дар, па го отпушти. 6И дојде Еремија кај Годолија, синот Ахикамов, во Мицпа и живееше со него меѓу народот, што беше останал во земјата.
Собирање на жетвата
7 #
2 Цар 25,23
Кога сите воени началници, што беа во рамнината и луѓето нивни, чуја дека вавилонскиот цар го поставил Годолија, синот Ахикамов, за началник над земјата и му ги доверил луѓето, жените и децата и бедните во земјата, што не беа преселени во Вавилон, 8тогаш дојдоа во Мицпа кај Годолија Исмаил, синот на Нетанија, Јоханан и Јонатан, синовите на Кареах, Сераја, синот Танхуметов, синовите на Ефе од Нетофа и Језанјаху, синот на Мааха, тие и дружината нивна. 9Годолија, синот на Ахикам, син Сафанов, им се заколна ним и на луѓето, велејќи: „Не плашете се да им служите на Халдејците, останете си во земјата и служете му на вавилонскиот цар, па ќе ви биде добро; 10јас пак ќе останам во Мицпа за да се застапувам пред Халдејците, што ќе доаѓаат кај нас; а вие собирајте вино, летни плодови и масло, собирајте го во вашите садови и живејте во градовите свои, што ги зазедовте.“ 11Исто така и сите Јудејци, кои се наоѓаа во земјата Моав, меѓу синовите на Амон, во Едом и по сите краишта, чуја дека вавилонскиот цар оставил дел од Јудејците и го поставил над нив Годолија, синот на Ахикам, син Сафанов, 12па се вратија сите тие Јудејци од сите места, каде што беа прогонети, и дојдоа во јудејската земја кај Годолија во Мицпа, и собраа многу вино и летни плодови.
Убиството на Годолија
13Меѓутоа, Јоханан, синот на Кареах, и сите воени началници, што се наоѓаа во полето, дојдоа кај Годолија во Мицпа, 14и му рекоа: „Знаеш ли ти дека Ваалис, царот на синовите Амонови, го испрати Исмаил, синот Нетаниев, да те убие?“ Но Годолија, синот Ахикамов, не им поверува. 15#42,2Тогаш Јоханан, синот на Кареах, му рече тајно на Годолија во Мицпа: „Дозволи ми да појдам и да го убијам Исмаил, синот Нетаниев, и никој нема да разбере; зошто да дозволиш да те убие и да се растурат сите Јудејци собрани при тебе, и да загине остатокот од Јуда?“ 16Но Годолија, синот Ахикамов, му рече на Јоханан, синот на Кареах: „Не прави го тоа, зашто она, што ми го кажуваш за Исмаил, не е вистина.“
Селектирано:
Еремија 40: MK2006
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006