Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Еремија 39

39
Ерусалим е освоен од Вавилонците
1Во деветтата година на Седекија, царот јудејски, во десеттиот месец, дојде Навуходоносор, царот вавилонски со сета војска своја до Ерусалим и го опседна. 2А во единаесеттата година на Седе­кија, во четвртиот месец, во деветтиот ден од месецот градот беше преземен. 3И влегоа во него кнезовите на ва­вилонскиот цар – Нергал-Шарецер, Сам­гар-Неву, Сарсехим, началник на дворјаните, Нергал-Шарецер, заповедник, и сите други кнезови на вавилонскиот цар и се сместија до средните порти. 4Кога Седекија, царот јудејски, и сите воени началници, ги видоа, побегнаа, и во текот на ноќта излегоа од градот преку царската градина, низ портите меѓу двата ѕида и тргнаа по патот кон рамнината. 5#44,30; 52,9Но халдејската војска се спушти по нив; го достигнаа Седекија во Ерихон­ската рамнина; го фатија и го одведоа кај вавилонскиот цар Навухо­доносор во Ривла, во земјата Хамат, и го судеше. 6И вавилонскиот цар во Ривла ги закла синовите на Седекија пред него­вите очи; вавилонскиот цар ги закла и сите велможи јудејски; 7а на Седекија му ги извади очите и го окова во окови, за да го одведе во Вавилон. 8#6,5Домот на царот и домовите на народот Халдејците ги изгореа со оган и ѕидовите ерусалимски ги срушија. 9А остатокот од народот, што остана во градот, како и одметниците, кои му се придружија, и другиот народ, Наву­зардан, началникот на телохрани­телите, ги пресели во Вавилон. 10Бедните од народот, пак, кои немаа ништо, Навузардан, началникот на те­лохранителите, ги остави во јудејската земја и им даде уште тогаш лозја и ниви. 11А за Еремија, Навуходоносор, ца­рот вавилонски, му даде таква заповед на Навузардан, началникот на телохра­нителите – 12#40,4„Земи го, грижи се за него, и не прави му ништо лошо, туку постапувај со него онака, како што ќе ти каже тој.“ 13И прати Навузардан, началникот на телохранителите, и Невушазбан, начал­ник на дворјаните, и Нергал-Шарецер, врховниот заповедник, и сите кнезови на вавилонскиот цар, 14#33,1испратија и го зедоа Еремија од стражарницата и му го доверија на Го­долија, синот на Ахикам, синот Сафа­нов; го изведоа и тој остана да живее меѓу народот.
Господ му ветува заштита на Авдемелех
15Кога Еремија сѐ уште беше затво­рен во дворскиот затвор, дојде слово Господово до него: 16#28,13оди, речи му на Авдемелех Етиопја­нецот – вака вели Господ Са­ваот, Бог Израелов: еве, Јас ќе ги ис­полнам збо­ровите за овој град на зло, но не на добро, и тие ќе се извршат во оној ден пред очите твои; 17#20,13но тебе ќе те избавам во оној ден, вели Господ, и нема да бидеш предаден во рацете на луѓето, од кои се плашиш. 18Јас ќе те избавам и ти нема да пад­неш од меч, и ќе ти остане животот како плен, бидејќи на Мене се надеваше, вели Господ.

Селектирано:

Еремија 39: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се