Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Еремија 25:1-14

Еремија 25:1-14 MK2006

Слово што дојде до Еремија за сиот јудејски народ, во четвртата година на јудејскиот цар Јоаким, си­нот Јошиев. Тоа беше првата година на вавилонскиот цар Навуходоносор, кое пророкот Еремија го изрече пред сиот јудејски народ и пред сите ерусалимски жители, велејќи: од тринаесеттата година на јудеј­скиот цар Јошија, синот Амонов, па до денес, ете веќе дваесет и три години, доаѓа до мене слово Господово, и јас од рано утро ви зборував, но вие не по­слушавте. Господ ги праќаше кај вас сите Свои слуги – пророците, од рано утро ги ис­праќаше, и вие не послушавте и не го наклонивте увото свое за да слушате. Тие ви велеа: „Отклонете се секој од својот лош пат и од своите лоши дела и живејте во земјата, која Господ ви ја даде вам и на вашите татковци од векот довека; и не одете по други богови, за да им служите и да им се поклонувате, и не разгневувајте Ме со делата на рацете свои, па нема да ви направам зло.“ Но вие не Ме послушавте, вели Гос­под, и Ме разгневувавте со делата на рацете свои, за свое зло. Затоа, така вели Господ Саваот: по­ради тоа што не ги послушавте зборо­вите Мои, еве, Јас ќе пратам и ќе ги земам сите северни племиња, вели Господ, и ќе испратам до вавилонскиот цар Навухо­доносор, Мојот слуга, и ќе ги доведам против оваа земја и против жителите нејзини и против сите соседни народи; и наполно ќе ги истребам и ќе ги напра­вам за ужас, за потсмев и за вечна пус­тош. И ќе ги прекратам во нив гласот на радоста и гласот на веселбата, гласот на младоженецот и гласот на невестата, звукот од воденичниот камен и светлината од светилото. И целата таа земја ќе стане пустина и ужас; и тие народи ќе му служат на вавилонскиот цар седумдесет години. А кога ќе се исполнат седумдесетте години, ќе го казнам вавилонскиот цар и оној народ, вели Господ, за нивното беззаконие, и земјата Халдејска ќе ја направам вечна пустина. И ќе ги исполнам над таа земја сите Мои зборови, што ги реков против неа, сѐ што е напишано во оваа книга, што Еремија пророчки го кажа против тие народи. Зашто и нив ќе ги поробат многу­бројните народи и големи цареви. И Јас ќе им платам според нивните постапки и според делата на рацете нивни.

Бесплатни планови за читање и побожни текстови поврзани со Еремија 25:1-14

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност