Еремија 24
24
Видение за две кошници со смокви
1 #
22,28; 2 Цар 24,15; Амос 8,1 Господ ми покажа две кошници со смокви, поставени пред храмот Господов, откако вавилонскиот цар Навуходоносор го изведе од Ерусалим заробениот јудејски цар Јехонија, синот Јоакимов, и јудејските кнезови со дрводелците и ковачите и ги одведе во Вавилон; 2#29,17едната кошница беше полна со многу добри смокви, какви што се раните смокви, а втората кошница – со смокви, многу лоши, кои поради лошиот вкус не можеа да се јадат. 3И ме праша Господ: што гледаш, Еремија? – Јас одговорив; убавите смокви се многу добри, а лошите – многу лоши, така што не можат да се јадат, зашто не се вкусни воопшто. 4И дојде слово Господово до мене: 5#29,11вака вели Господ, Бог Израелов – како овие добри смокви Јас ќе ги препознаам добрите изгнаници јудејски, што ги истерав од ова место во земјата Халдејска. 6И ќе ги свртам кон нив очите Мои за нивно добро и ќе ги вратам во оваа земја, и ќе ги подигнам, нема да ги сосипам, и ќе ги посадам, а не да ги искоренам; 7#9,23; 30,22; 32,39; 2 Мојс 6,7; 5 Мојс 26,18и ќе им дадам срце, за да знаат дека Јас сум Господ, и тие ќе бидат Мој народ. Јас пак ќе им бидам нивни Бог, зашто тие ќе се обратат кон Мене од сѐ срце. 8А за лошите смокви, кои не можат да се јадат поради нивниот вкус, така вели Господ: такви ќе ги направам јудејскиот цар Седекија и кнезовите негови, и другите ерусалимци, што ќе останат во оваа земја и што ќе живеат во египетската земја; 9#44,8; 49,13и ќе ги предадам на зло и тешко страдање во сите земни царства, за поруга и за приказ, за потсмев и за проклетство по сите места, каде што ќе ги растурам. 10#25,5; 29,17Па ќе испратам врз нив меч, глад и помор, додека не ги истребам од земјата што им ја дадов ним и на татковците нивни.
Селектирано:
Еремија 24: MK2006
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006