Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Еремија 23:16-29

Еремија 23:16-29 MK2006

Така вели Господ Саваот: немојте да ги слушате зборовите на пророците, кои ви пророкуваат – тие ве лажат, кажуваат измислени работи од срцето свое, а не она што доаѓа од устата Гос­подова. Постојано им зборуваат на оние, кои не Ме почитуваат: „Господ рече, мир ќе имате.“ И на секого кој се уп­равува според тврдокорноста на срцето свое, велат: „Зло нема да ве снајде.“ Зашто, кој е тој што присуствувал на советот на Господ, па видел и го чул словото Негово? Кој го разбрал Него­вото слово и кој го чул тоа? Еве, иде бурата Господова со јарост, бура страшна, и ќе се свие врз главата на безбожниците. Гневот Господов нема да се одврати сѐ додека Тој не ги изврши и додека не ги исполни замислите на Своето срце; во последните дни тоа наполно ќе го разберете. Јас не ги праќам тие пророци, а самите се беа растрчале; Јас не им збо­рував, а тие пророкуваа. Да беа стоеле во советот Мој, тие ќе му ги објавеа зборовите Мои на Мојот народ и ќе го отклонеа од неговиот лош пат и од неговите лоши дела. Зар Јас сум Бог само одблизу, вели Господ, а не Бог и оддалеку? Може ли човек да се сокрие на мес­то тајно, каде што Јас не би го видел? – вели Господ. Зар не ги исполнувам Јас небото и земјата – вели Господ. Јас слушав што зборуваат пророците, кои во името Мое пророкуваат лага. Тие велат: „Ми се сони, ми се сони.“ До кога ќе трае тоа во срцето на пророците, кои пророкуваат лага, кои пророкуваат измама од срцата свои? Тие мислат дека преку своите со­ништа, што си ги раскажуваат еден на друг, ќе го доведат Мојот народ дотаму, да го заборави името Мое, како што го заборавија татковците нивни името Мое заради Ваал! Пророкот што видел сон, нека го раскаже како сон, а во кого е словото Мое, нека го каже верно словото Мое. Што заедничко има плевата со пченицата? – вели Господ. Зар не е Моето слово како оган, ве­ли Господ, и не е ли како чекан што крши карпа?

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност