Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Еремија 22

22
Господ ќе го казни царот на Јудеја
1Вака вели Господ: слези во домот на царот Јудин, и искажи го таму ова слово, 2#7,2; 17,20; 22,29; 34,4па кажи: чуј го словото Господово, царе јудејски, ти, кој седиш на Давидо­виот престол, ти и твоите слуги и луѓе­то твои, кои влегуваат низ овие порти. 3#7,6; 2 Мојс 22,20-21Вака вели Господ: извршувајте суд и правда и спасувајте го угнетуваниот од рацете на угнетувачот и не притеснувај­те го придојдениот, како ни сиракот ни вдовицата, и не проливајте невина крв на ова место. 4Зашто, ако го исполнувате ова сло­во, низ портите на овој дом ќе влегуваат цареви, кои ќе седат наместо Давид на престолот негов, кои ќе се возат во коли и ќе јаваат на коњи, тие и слугите нивни и луѓето нивни. 5Ако, пак, не ги послушате овие збо­рови, жив сум Јас, вели Господ, дека овој дом ќе запусти. 6#Зах 10,10Зашто, така вели Господ за домот на јудејскиот цар: ти си за Мене Галаад и леванонски врв; но Јас ќе направам од тебе пустина, и градовите твои ќе ста­нат ненаселени; 7#6,4; 12,3; Ис 13,3; 22,15.23; Ис 37,24и ќе повикам против тебе истре­бители, секој со своето оружје – и тие ќе ги исечат твоите најубави кедри и ќе ги фрлат во оган. 8#5,19; 19,8; 5 Мојс 29,23-25И многу народи ќе минуваат низ овој град и ќе се прашуваат еден со друг: „Зошто Господ така постапи со овој голем град?“ 9#13,10И ќе си одговорат – „Зашто тие го оставија заветот на Господ, нивниот Бог, и се поклонија на други богови и ним им служеа.“
За смртта на царот Јоахаз
10 # 2 Лет 35,24-25 Не плачете за умрениот#22,10 се однесува на царот Јошија, убиен во 609. година пр. Христос во Мегидо. и не жа­лете за него; туку горко плачете за оној, што оди во ропство, зашто тој веќе не­ма да се врати и нема да го види својот роден крај. 11Зашто вака вели Господ за Селум#22,11 прекар на царот Јоахаз (Јаахаз)., синот на јудејскиот цар Јошија, кој ца­руваше по татко си Јошија, и кој излезе од тоа место: тој веќе нема да се врати во него, 12Но ќе умре таму, каде што го одведоа како роб, и нема веќе да ја види оваа земја.
За царот Јоаким
13 # Мих 3,10; Авак 2,12; Јк 5,4 Тешко му на оној, кој гради своја куќа со неправда, и свои соби – со беззаконие, кој го присилува ближниот свој да му работи без награда и не му дава плата, 14кој вели – ќе си направам голема куќа и широки соби, и кој отвора прозорци, ги обложува со кедар и ги боја­дисува со црвена боја. 15Мислиш ли дека си цар, затоа што си се оградил со кедар? Татко ти јадеше и пиеше, но вршеше суд и правда, па затоа му беше добро. 16#9,23; Ос 6,6Тој го бранеше правото на бедниот и на сиромавиот, и затоа му беше добро. Зар не значи тоа дека некој Ме познава? – вели Господ. 17#26,15; Пс 119,36; 2 Цар 21,16Но твоите очи и твоето срце се свртени само кон корист за себеси и кон пролевање невина крв, за да угнетуваш и присилуваш. 18#16,6; Пс 78,64Затоа, вака вели Господ за Јоаким, синот на јудејскиот цар Јошија: нема да го оплакуваат – „О брате!“ и „О сестро!“, нема да го оплакуваат: „О господаре!“ и „О негово величие!“ 19#15,3; 2 Сам 17,13Како магаре тој ќе биде погребан; ќе го изнесат и ќе го фрлат далеку од ерусалимските порти.
Царот Јоаким и Ерусалим
20Качи се на Ливан и извикај, подигни го гласот свој на Башан и викни од Аварим, зашто погубени се сите твои пријатели. 21Јас ти зборував, кога ти беше добро, но ти рече: нема да послушам. Такво беше твоето поведение уште од младоста, ти не го слушаше гласот Мој. 22#22,20Сите твои пастири ветар ќе ги од­вее, а пријателите твои во ропство ќе отидат и тогаш ти ќе бидеш посрамен и понижен за сите твои злодела. 23#30,6; Ис 42,14Ти, кој живееше на Ливан и си свил гнездо во кедрите, колку ли ќе офкаш, кога ќе те постигнат болки, како кај по­родилка! 24Се колнам во Својот живот, вели Господ: да ми беше јудејскиот цар Ко­нија, синот на Јоаким, прстен на десната рака Моја, и оттаму ќе те откинам, 25и ќе те предадам во рацете на оние, кои ја бараат душата твоја, и во рацете на оние, од кои се плашиш, во рацете на вавилонскиот цар Навуходоносор и во рацете на Халдејците. 26#16,13; 22,28; 2 Цар 24,15Па ќе те исфрлам тебе и твојата мајка, која те родила, во туѓа земја, каде што не сте се родиле, и таму ќе умрете. 27А во земјата, каде што душата нив­на ќе копнее да се врати, таму нема да се вратат. 28#19,10; 48,38; Пс 31,12„Зар тој човек, Конија, е презрено суштество, отфрлен и несакан сад, та тој и племето негово беа фрлени во земја што не ја познавале?“ 29О, земјо, земјо, земјо, чуј го словото Господово! 30#22,22; 36,30; 1 Лет; 3,17-24Така вели Господ: запишете го овој човек како лишен од деца, како човек со злочести дни, зашто никој од племето негово веќе нема да седи на прес­толот Давидов и нема да владее во Јудеја.

Селектирано:

Еремија 22: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се