Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Еремија 2:1-13

Еремија 2:1-13 MK2006

И пак беше упатено словото Господово до мене: „Оди и извикај во ушите на Еру­салим – вака вели Господ: ‚се сеќавам на посветеноста во младоста твоја, на твојата љубов, кога како невеста тргна по Мене во пустината, во незасеана земја.‘ Израел му беше светиња на Господ, првина од плодовите Негови: сите, што јадеа од нив, биваа осудувани, ги стиг­нуваше зло,“ вели Господ. Чујте го словото Господово, доме Ја­ковов и сите родови на домот Израелов! Вака вели Господ: „Каква неправда најдоа во Мене татковците ваши, та се оддалечија од Мене, ја прифатија суетата и станаа суетни? И не рекоа: ‚каде е Господ, Кој нѐ изведе од египетската земја, нѐ водеше по пустината, по земја пуста и ненаселена, по земја сува, по земја на смртна сенка, по која никој не одел и во која никој не живеел?‘ А кога ве воведов во земја плодород­на, за да се храните од плодовите неј­зини и од добрата нејзини, вие влеговте и ја осквернивте земјата Моја, и сопственоста Моја ја направивте гадотија. Свештениците не рекоа: ‚каде е Господ?‘ И учителите на законот не Ме познаа, и пастирите се одметнаа од Ме­не, и пророците пророкуваа во името на Ваал и одеа по оние, кои не помагаат. Затоа Јас уште ќе се судам со вас, вели Господ, и со синовите на вашите синови ќе се судам. Затоа отидете на бреговите на Ки­тим и разгледајте, и испратете во Кедар и испитајте сесрдно и видете: станувало ли таму нешто слично на тоа? Ги променил ли некој народ бого­вите свои, иако тие не се богови? А Мојот народ ја менуваше Славата своја за она што не помага. Чудете се на тоа, небеса, стресете се и грозете се, вели Господ. Зашто две зла изврши Мојот народ: Мене, изворот на жива вода, Ме оставија и си ископаа извори издупчени, кои не можат да држат вода.

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност