Еремија 2
2
Израел е казнет поради неверството
1И пак беше упатено словото Господово до мене: 2#Ез 16,60; 5 Мојс 2,7; 8,2-4„Оди и извикај во ушите на Ерусалим – вака вели Господ: ‚се сеќавам на посветеноста во младоста твоја, на твојата љубов, кога како невеста тргна по Мене во пустината, во незасеана земја.‘ 3#Ос 2,20Израел му беше светиња на Господ, првина од плодовите Негови: сите, што јадеа од нив, биваа осудувани, ги стигнуваше зло,“ вели Господ. 4Чујте го словото Господово, доме Јаковов и сите родови на домот Израелов! 5#5 Мојс 32,4; Ис 1,1-2; Јов 34,10; 2 Цар 17,15; Јона 2,9Вака вели Господ: „Каква неправда најдоа во Мене татковците ваши, та се оддалечија од Мене, ја прифатија суетата и станаа суетни? 6#Ис 63,11; Јов 35,10; 5 Мојс 32,10-12И не рекоа: ‚каде е Господ, Кој нѐ изведе од египетската земја, нѐ водеше по пустината, по земја пуста и ненаселена, по земја сува, по земја на смртна сенка, по која никој не одел и во која никој не живеел?‘ 7#5 Мојс 32,13-18; 23,15; Ис 24,5А кога ве воведов во земја плодородна, за да се храните од плодовите нејзини и од добрата нејзини, вие влеговте и ја осквернивте земјата Моја, и сопственоста Моја ја направивте гадотија. 8#2 Цар 2,14; Лк 11,52; 5,5; 1 Сам 12,21Свештениците не рекоа: ‚каде е Господ?‘ И учителите на законот не Ме познаа, и пастирите се одметнаа од Мене, и пророците пророкуваа во името на Ваал и одеа по оние, кои не помагаат.
Господ го обвинува Својот народ
9Затоа Јас уште ќе се судам со вас, вели Господ, и со синовите на вашите синови ќе се судам. 10Затоа отидете на бреговите на Китим и разгледајте, и испратете во Кедар и испитајте сесрдно и видете: станувало ли таму нешто слично на тоа? 11#16,19; Пс 106,20; Ис 44,9Ги променил ли некој народ боговите свои, иако тие не се богови? А Мојот народ ја менуваше Славата своја за она што не помага. 12#Ис 1,2Чудете се на тоа, небеса, стресете се и грозете се, вели Господ. 13#2,17; 17,13; Ос 10,10; Јн 4,10Зашто две зла изврши Мојот народ: Мене, изворот на жива вода, Ме оставија и си ископаа извори издупчени, кои не можат да држат вода. 14Зар Израел е слуга? Или е слуга домородец? Зошто така стана плен? 15#4,7; 51,38Зарикаа против него млади лавови, нададоа рик и ја направија земјата негова пустелија; градовите негови му се изгорени, никој не живее во нив. 16И синовите на Мемфис и Тафнис те познаа и ти го избричија темето. 17#2,19; 5,7Не си го направи ли тоа сам, оставајќи Го твојот Господ Бог во она време, кога Тој те водеше по патот? 18И сега, што бараш во Египет да пиеш вода од Нил? И зошто да одиш во Асирија за да пиеш вода од реките нејзини? 19#1,16; 2,13; 5,22; 4 Мојс 14,34; Пс 107,17Ќе те казни отстапувањето твое, и злобата твоја ќе те обвини: и така познај и размисли, колку е лошо и горчливо што Ме остави, вели твојот Господ Бог, што кај тебе нема страхопочит, вели Господ, Бог Саваот. 20#5,5; 11,10; Мт 11,30Зашто одамна го скрши јаремот свој, ги раскина твоите вериги, па велеше: – Нема Тебе да Ти служам; но ќе појдам на секој висок рид и под секое лиснато дрво ќе им служам на идоли. 21#Пс 80,8; 5 Мојс 32,32Јас те посадив како благородна лоза – најчисто семе; а како Ми се претвори во див ластар од туѓа лоза?
Вината на Израел
22 #
Јов 9,30
Затоа, макар и да се измиеш со сапун и да употребуваш многу пепелница, – твоите беззаконија ќе се покажат пред Мене, вели Господ Бог. 23Како можеш да кажеш: ‚Јас не се осквернив, и не одев по Ваал?‘ Загледај се во патиштата твои во долината, и увиди што правеше ти, бујна камило, која трча наваму натаму? 24#Ос 8,9Кој може да скроти дива магарица навикната на пустина, која со страст во душата дише забрзано? Сите, што ја бараат, нема да се уморат: во месецот нејзин ќе ја најдат. 25#3,13; 18,12; 5 Мојс 32,16Не дозволувај им на нозете свои да се боси, и на грлото твое – да се мачи од жед. Но ти рече: ‚Ништо од тоа, зашто ги сакам туѓинците и по нив ќе одам.‘ 26Како што крадец, кога ќе го фатат, се посрамува, – така ќе се посрами Израеловиот дом: царевите нивни, кнезовите нивни, свештениците нивни и пророците нивни, – 27#3,9; 5 Мојс 32,6кои на дрвото му велат: ‚ти си мој татко‘, и на каменот: ‚ти ме роди‘; зашто тие Ми свртеа грб, а не лице; а во време на неволји велат: ‚стани и спаси нѐ!‘ 28#10,8.14; 16,20; 5 Мојс 32,37-38; 1 Цар 19,18; Ис 2,8; Ос 14,4Каде се, пак, твоите богови, што сам си ги направил? Нека станат тие, ако можат – да те спасат во време на твојата неволја; зашто, колку градови имаш, о, Јудо, толку и богови имаш!
Бунтот на Израел против Господ
29Зошто се жалите кај Мене? Сите вие се одметнавте од Мене,“ вели Господ. 30#Ис 1,20; Неем 9,26; 1 Сол 2,15Напразно ги ударав децата ваши: тие не се вразумија; вашиот меч како истребувачки лав ги јадеше пророците ваши. 31О роде, чујте го словото Господово: „Јас ли бев пустина за Израел, Јас ли бев земја неплодна? А зошто Мојот народ вели: ‚Слобода сакаме, нема повеќе да доаѓаме кај Тебе!?‘ 32#2,17; 6,19Го заборава ли девојката украсот свој, и невестата – накитот свој? А Мојот народ Ме заборави – има веќе безброј дни. 33Како лукаво ги насочуваш ти патиштата свои, за да придобиеш љубовници, та дури и непристојните жени ги научи на тоа! 34#Плач 4,14По твоите поли има крв од бедните, невини луѓе; иако не ги фати да провалуваат! И покрај тоа, 35велиш: ‚невина сум, гневот Негов ќе се одврати од мене.‘ – Ете, Јас ќе се судам со тебе, затоа што велиш: ‚не згрешив‘. 36#48,13; Ис 30,3Зошто толку многу скиташ, менувајќи го патот свој? Ќе бидеш посрамена и од Египет, како што беше посрамена од Асирија; 37и од него ќе излезеш со рацете на глава, зашто Господ ги отфрли оние на кои ти се надеваш и со нив нема да имаш успех.“
Селектирано:
Еремија 2: MK2006
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006