Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Судии 9

9
Авимелех цар на Сихем
1 # 6,32; 8,31 Авимелех, Јеровааловиот син, отиде во Сихем кај вујковците свои, и им рече ним и на целото племе од мајчиниот род: 2#8,30; 1 Мојс 29,14„Кажете им на сите сихемски жи­тели: што е подобро за вас, да владеат со вас сите седумдесет синови Јеро­ваалови или да владее со вас еден? И спомнете си дека јас сум ваша коска и ваше тело.“ 3Вујковците им ги кажаа на жите­лите сихемски сите тие зборови за него; и срцето на тие жители се наклони кон Авимелех, бидејќи си говореа: „Тој е наш брат.“ 4#8,33; 11,3И му дадоа седумдесет шекели сребро од светилиштето на Ваал-Берит, за кои Авимелех најде безделници и скитници, кои тргнаа по него. 5#8,30И дојде во домот на таткото свој во Офра и ги уби браќата свои, седумдесетте Јероваалови синови, врз еден камен. Остана само Јотам, најмалиот Јероваалов син, зашто се беше сокрил. 6Тогаш се собраа сите сихемски жители и сите жители на Бет-Мило, и отидоа, па го поставија Авимелех за цар кај дабот близу до Сихем.
Јотамовата приказна
7Откако му раскажаа за тоа на Јотам, тој отиде и застана на врвот од гората Гаризим и, откако го крена гласот свој, па викна и им рече: „Чујте ме, жители сихемски, и Бог ќе ве чуе! 8Едно време тргнале дрвјата да помазаат цар кој ќе владее со нив и ѝ рекле на маслинката: ‚Стани ни цар!‘ 9Маслинката им рекла: ‚Зар да ја оставам маснотијата своја, со која се послужува Бог и луѓето, па да тргнам да скитам по дрвјата?‘ 10Тогаш дрвјата ѝ рекле на смоквата: ‚Дојди ти, да ни станеш цар!‘ 11Смоквата им одговорила: ‚Зар да си ја оставам сладоста своја и убавиот плод и да тргнам да скитам по дрвјата?‘ 12Ѝ кажале дрвјата на лозата: ‚Дојди ти, да ни станеш цар!‘ 13#Проп 2,3Лозата им рекла: ‚Зар да го оставам сокот свој што ги весели Бога и луѓето, и да тргнам да скитам по дрвјата?‘ 14Најпосле сите дрвја му рекле на трнот: ‚Дојди ти, да ни станеш цар!‘ 15Трнот им рекол на дрвјата: ‚Ако, навистина, ме поставите за цар над себеси, тогаш дојдете да си починете под сенката моја; ако не, ќе излезе оган од трнот и ќе ги изгори кедрите ле­ванонски.‘ 16И, ете, гледате, по вистина и по правда ли постапиле кога го поставиле за цар Авимелех? И добро ли постапиле со Јероваал и домот негов, и според неговите добрини ли направиле така? 17#6,33–8,28За вас сите војуваше татко ми, не го жалеше ни животот свој и ве спаси од рацете на Мидјаните; 18#8,30а вие сега се кревате против домот на мојот татко и ги убивте седумдесетте синови на татко ми врз еден камен и го поставивте за цар над жителите сихемски Авимелех, синот на робинката негова, зашто е ваш брат. 19Ако денес сте постапиле според вистината и според правдата со Јеро­ваал и со домот негов, тогаш одете и радувајте се на Авимелех, и тој да се радува на вас; 20ако, пак, не – нека излезе оган од Авимелех и нека ги изгори жителите на Сихем и на Бет-Мило, и нека излезе оган од жителите на Сихем и на Бет-Мило и да го изгори Авимелех!“ 21И избега Јотам, избега и отиде во Беер, и живееше таму скришно од братот свој Авимелех.
Бунтот на Сихем против Авимелех
22Авимелех, пак, царуваше над Из­раел три години. 23#1 Сам 16,14.23; 18,10; 19,9; 1 Цар 22,22И испрати Бог лош дух меѓу Ави­мелех и жителите на Сихем, и почнаа жителите сихемски да не му се покоруваат на Авимелех. 24За да се одмазди за седумдесетте синови Јероваалови, и крвта нивна да се сврти против нивниот брат Авимелех, кој ги уби, и против жителите сихем­ски, кои ја поддржаа раката негова, за да го убие братот свој, 25жителите сихемски поставија по горските врвови против него заседи, кои го ограбуваа секого што минуваше покрај нив по патот. За тоа му беше јавено на Авимелех. 26Во Сихем пристигна и Гал, Еведо­виот син, со браќата свои, и одеа во Си­хем, и жителите сихемски се потпреа врз него. 27И излегоа во полето, и го береа грозјето свое, го газеа и се веселеа, па отидоа во домот на својот бог, јадеа и пиеја, и го проколнуваа Авимелех. 28#1 Мојс 34,2.4А Гал, Еведовиот син, рече: „Кој е Авимелех и што е Сихем, та да му служиме? Не е ли тој Јероваалов син, и не е ли Зевул неговиот главен слуга? Подобро служете им на потомците од Емор, татко Сихемов, а нему зошто да му служиме? 29Ако некој ми го дадеше тој народ во рацете мои, јас ќе го изгонев Ави­мелех.“ И му беше речено на Авимелех: „Зголеми ја војската своја и излегувај.“ 30Зевул, управителот на градот, ги слушна зборовите на Гал, Еведовиот син, и силно се разгневи. 31Тој испрати тајно пратеници кај Авимелех да му кажат: „Ете, Гал, Еве­довиот син, и браќата негови дојдоа во Сихем, и го бунтуваат градот против тебе; 32затоа стани ноќеска, ти и народот што се наоѓа со тебе, и постави заседа во полето; 33а изутрина, по изгревање на сонцето, стани и пристапи кон градот; и кога тој и народот, кој е со него, ќе излезат против тебе, тогаш прави го со нив она што раката твоја може.“ 34Авимелех стана ноќта, и сиот народ што се наоѓаше со него, и поставија во заседа кај Сихем четири дружини. 35Гал, Еведовиот син, излезе и застана кај градските порти; а излезе и Авимелех и народот што беше со него, од заседата. 36Гал, откако го виде народот му рече на Зевул: „Еве, народот слегува од врвот на гората.“ Зевул му одговори: „Сенките од дрвјата ти се причинуваат луѓе.“ 37Гал пак проговори и рече: „Ене, народот се спушта од височините, и една дружина доаѓа откај патот на дубравата Меоним.“ 38И му рече Зевул: „Каде ти е устата, која велеше: ‚кој е Авимелех, та да му служиме?‘ Ова е народ што ти го презираше; излегувај сега и бори се со него.“ 39И тргна Гал пред жителите сихем­ски и се судри со Авимелех. 40Но Авимелех се спушти по него, и тој избега од него; а паднаа многу убиени до самите градски порти. 41И Авимелех остана во Арума, а Зевул го избрка Гал и браќата негови, за да не живее во Сихем. 42На другиот ден народот излезе во полето, и му јавија за тоа на Авимелех. 43Тој го зеде народот свој и го раз­дели на три дружини и ги постави во заседа по полето. И, откако виде дека народот излезе од градот, се крена против нив и ги уби. 44Додека Авимелех и дружините што беа со него, пристапија и застанаа кај градските порти, другите две дружини ги нападнаа сите што беа во полето, и ги испотепаа. 45#5 Мојс 29,22; Ер 17,6; Пс 107,34И Авимелех водеше борба со гра­дот, целиот тој ден; го презеде градот, ги уби жителите што беа во него, го разруши градот и го посипа со сол. 46#8,33Откако го слушнаа тоа сите жители на Мигдал-Сихем, влегоа во скривницата на храмот на Ваал-Берит. 47Му јавија на Авимелех дека таму се собрале сите жители на Мигдал-Сихем. 48Тогаш Авимелех отиде на гората Селмун, со сета војска, која беше со него, и зеде Авимелех секира со себеси, отсече гранка од дрвјата, ја стави на рамото свое и ѝ рече на војската што беше со него: „Вие видовте што направив; поскоро направете го и вие она што го направив јас.“ 49И секој од војската пресече гранка, па тргнаа по Авимелех, ги натрупаа гранките околу скривницата и запалија оган со нив, и изгинаа сите жители на Мигдал-Сихем, околу илјада души мажи и жени.
Авимелех умира
50Потоа Авимелех отиде во Тевец, го опсади и го презеде. 51Среде градот имаше цврста кула; таму избегаа сите мажи и жени и сите градски жители, се затворија и се ка­чија на покривот од кулата. 52Авимелех дојде до кулата, удри на неа и се приближи до вратата од кулата за да ја изгори со оган. 53#2 Сам 11,21Тогаш една жена фрли парче од воденичен камен врз главата на Ави­мелех и му го скрши черепот. 54#1 Сам 31,4Авимелех веднаш го повика слугата, оруженосецот свој, и му рече: „Извади го мечот свој и убиј ме за да не се рече за мене: го уби жена.“ И слугата го прободе и тој умре. 55Израелците, откако видоа дека Авимелех умре, се разотидоа секој во своето место. 56Така му врати Бог на Авимелех за злочинот што го направи против својот татко, убивајќи ги седумдесетте свои браќа. 57#9,20И сите злодела на сихемските жители Бог ги сврте против главите нивни; и ги стигна клетва од Јотам, синот на Јероваал.

Селектирано:

Судии 9: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се