Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Судии 6:11-24

Судии 6:11-24 MK2006

Тогаш дојде ангелот Господов и седна во Офра под дабот, кој му при­паѓаше на Јоас од родот на Авиезер; а синот негов Гедеон чукаше жито на гумното, за да го сокрие од Мидјаните. И му се јави ангелот Господов и му рече: „Со тебе е Господ, мажу силен!“ Гедеон му одговори: „Господаре мој, ако е Господ со нас, зошто нѐ снајде сета оваа мака? И каде се сите Негови чудеса, за кои ни раскажуваа нашите татковци, велејќи: ‚Господ нѐ изведе од Египет?‘ Сега Господ нѐ остави и нѐ предаде во рацете на Мид­јаните.“ Тогаш Господ го погледна и рече: „Оди со таа своја сила и спаси го Из­раел од раката на Мидјаните. Јас те испраќам.“ Гедеон Му одговори: „Господи, ка­ко ќе го спасам Израел: ете, и племето ми е најбедно во коленото Манасиево и јас сум најмал во домот на мојот тат­ко?“ Господ му рече: „Јас ќе бидам со тебе, и ти ќе ги поразиш Мидјаните како еден човек.“ Гедеон Му рече: „Ако сум се здобил со милост пред Тебе, дај ми доказ дека Ти говориш со мене. Не оди си оттука, додека не дојдам кај Тебе, да ти донесам дар свој и да Ти го предадам.“ Тој рече: „Јас ќе останам, додека се вратиш.“ Гедеон отиде и приготви козле и лебови пресни од една ефа брашно; ме­сото го стави во кошница, чорбата ја налеа во грне, ги донесе кај Него под дабот и Му ги принесе. И ангелот Божји му рече: „Земи го месото и погачата, и стави ги на оној камен, а чорбата истури ја.“ Тој така и направи. Ангелот Господов го протегна крајот на жезолот што беше во раката негова, и го допре месото и лебовите; и вивна оган од каменот и изгореа месото и лебовите. А ангелот Господов се со­кри од очите негови. И виде Гедеон дека тоа беше ангел Господов и рече Гедеон: „Помогни, Гос­поди Боже, зашто видов лице на ангел Господов.“ Господ му рече: „Мир на тебе, не плаши се, нема да умреш!“ И Гедеон Му изгради таму жрт­ве­ник на Господ и го нарече: Јахве Ша­лом. Тој стои и до денес во Офра која им припаѓа на Авиезерците.