Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Судии 4:17-24

Судии 4:17-24 MK2006

А Сисера побегна пеш до шаторот на Јаел, жената на Кениецот Хевер, зашто меѓу хацорскиот цар Јавин и домот на Кениецот Хевер имаше мир. Тогаш излезе Јаел и му рече на Сисера: „Влези господаре мој, влези кај мене, не плаши се!“ Тој влезе кај неа во шаторот, и таа го покри со наметката. Сисера ѝ рече: „Дај ми малку вода да пијам, жеден сум.“ Таа одврза мев со млеко, му даде да пие и пак го покри. Сисера повторно ѝ рече: „Стој пред влезот на шаторот и ако некој дојде и те праша: ‚има ли некој тука?‘ а ти одго­вори – ‚нема‘.“ Јаел, Хеверовата жена, зеде еден колец од шаторот, зеде и чекан во раката своја, и отиде тивко кај него, та му го заби колецот во слепоочниците негови, така што тој допре до земјата; а тој уморен спиеше, – и умре. И ете, Варак, трчаше по Сисера. Јаел го пречека и му рече: „Влези, јас ќе ти го покажам човекот што го ба­раш.“ Тој влезе кај неа, и ете, Сисера лежи мртов, со колецот во слепо­очниците негови. Така го покори Бог во тој ден хананскиот цар Јавин пред синовите Израелови. Раката на синовите Израелови се засилуваше сѐ повеќе и повеќе над хананскиот цар Јавин, додека тие најпосле не го уништија.

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност