Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Судии 4:1-9

Судии 4:1-9 MK2006

Кога умре Аод, Израеловите синови пак почнаа да прават зло пред Господ. И Господ ги предаде во рацете на хананскиот цар Јавин, кој царуваше во Асор, и на неговиот војсководач Сисе­ра, кој живееше во Харошет-Гојим. И повикаа Израеловите синови кон Господ; зашто Јавин имаше деветстотини железни коли и ги потискаше Израеловите синови дваесет години. Во тоа време судија во Израел беше пророчицата Девора, жената на Лапи­дот; таа обично седеше под Деворината палма, меѓу Рама и Ветил, во Ефремо­вата Планина и одеа кај неа Израело­вите синови за судење. Девора испрати да го повикаат Варак, синот на Авиноам од Кедес Нефталимов, и му рече: „Зар не заповеда Господ, Бог Израелов: – оди, собери народ на гората Тавор и земи со себе десет илјади мажи од Нефталимовите синови и од Завулоновите синови; Јас, пак, ќе го доведам кај тебе, кај потокот Кишон, Јавиновиот војсководач Сисера, и колите негови и многуилјадната војска негова, и ќе ти ги пре­дадам во твои раце.“ Варак ѝ одговори: „Ако дојдеш со мене, ќе одам; ако не дојдеш со мене, нема да одам.“ Таа рече: „Добро, ќе дојдам со тебе; само нема да биде славата твоја по па­тот, по кој ќе одиш; зашто во женска рака ќе го предаде Господ Сисера.“ И Девора стана и тргна со Варак за Кедес.

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност