Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Судии 3:12-21

Судии 3:12-21 MK2006

Синовите Израелови почнаа пак да прават зло пред Господ, и Господ му даде сила на моавскиот цар Еглон против Израел, поради тоа што тие правеа зло пред Господ. Тој ги собра кај себе синовите Амонови и Амаликови, па тргна и го собори Израел, и го завладеа градот на палмите. И синовите Израелови му робуваа на моавскиот цар Еглон осумнаесет го­дини. Тогаш синовите Израелови пак по­викаа кон Господ, и Господ им го избра за спасител Аод, синот на Гера, од Венијаминовото племе, кој беше левак. И синовите Израелови испратија по него дарови до моавскиот цар Еглон. Аод си направи меч со две сечила, долг еден лакот, и го препаша под облеката своја на десното бедро, и однесе дарови на моавскиот цар Еглон, а Еглон беше многу дебел човек. Кога Аод ги принесе сите дарови и ги испрати луѓето што ги донесоа даровите, сам се врати откај идолите што се во Гилгал, и рече: „Царе, имам тајна порака за тебе.“ Тој рече: „Потивко!“ И излегоа сите што стоеја покрај него. Аод влезе кај него: тој седеше сам во летната горна соба. Тогаш Аод рече: „Имам Божја порака за тебе.“ Еглон стана од престолот. Тогаш Аод ја подаде својата лева рака, и го зеде мечот од десното бедро и го заби во неговиот стомак