Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Судии 3

3
1 # 2,22 А ова се народите, кои Господ ги остави за да ги искушува со нив синовите на Израел, сите оние кои не знаеја за сите битки ханански. 2Само за да знаат и да се научат на војување подоцнежните поколенија на Израел, кои порано не знаеја за војна: 3#Ис.Н. 13,3-6пет филистејски војводства, сите Хананци, Сидонци и Евејци, кои живееја на планината Ливан од планината Ваал-Ермон до Емат. 4Тие беа оставени за да биде преку нив искушуван Израел, и да се дознае, дали се покоруваат на заповедите Господови, кои Тој ги беше заповедал на нивните предци преку Мојсеј. 5И живееја Израеловите синови меѓу Хананците, Хитијците, Аморејците, Пе­ри­зијците, Евејците и Јевусијците, 6#2 Мојс 34,16; 5 Мојс 7,3-4; 7,16и ги земаа ќерките нивни за жени, и им ги даваа ќерките свои на синовите нивни, и им служеа на нивните богови.
СУДИИТЕ НА ИЗРАЕЛ
Готониил
7 # 2,11.13 Синовите Израелови извршија зло пред очите на Господ, и Го заборавија својот Господ Бог, и им служеа на Вааловци и на Ашери#3,7 Ашера е хананска божица.. 8#2,14; Ис 50,1Тогаш Господ се разгневи силно против Израел, и ги предаде во рацете на Кушан-Ришатаим, царот на Горни Арам, и синовите Израелови му робуваа на Кушан-Ришатаим осум години. 9#1,13; Неем 9,27Потоа синовите Израелови повикаа кон Господ, и Тој подигна за синовите Израелови спасител – Кеназовиот син Готониил, помалиот брат на Халев. 10#6,34; 11,29; 13,25; 14,6.9; 15,14; 1 Сам 11,6; 16,13; 1 Лет 12,19; Ис 11,2Врз него беше Духот Господов, и тој беше судија на Израел. Тој објави војна против Кушан-Ришатаим, и Гос­под го предаде во рацете негови арамеј­скиот цар Кушан-Ришатаим и раката негова се зацврсти над Кушан-Ри­ша­таим. 11#3,30; 5,31; 8,28; Ис.Н. 11,23И земјата беше спокојна четириесет години, Потоа умре Готониил, синот на Кеназ.
Аод
12Синовите Израелови почнаа пак да прават зло пред Господ, и Господ му даде сила на моавскиот цар Еглон против Израел, поради тоа што тие правеа зло пред Господ. 13Тој ги собра кај себе синовите Амонови и Амаликови, па тргна и го собори Израел, и го завладеа градот на палмите#3,13 Ерихон. 14И синовите Израелови му робуваа на моавскиот цар Еглон осумнаесет го­дини. 15Тогаш синовите Израелови пак по­викаа кон Господ, и Господ им го избра за спасител Аод, синот на Гера, од Венијаминовото племе, кој беше левак. И синовите Израелови испратија по него дарови до моавскиот цар Еглон. 16Аод си направи меч со две сечила, долг еден лакот, и го препаша под облеката своја на десното бедро, 17и однесе дарови на моавскиот цар Еглон, а Еглон беше многу дебел човек. 18Кога Аод ги принесе сите дарови и ги испрати луѓето што ги донесоа даровите, 19сам се врати откај идолите што се во Гилгал, и рече: „Царе, имам тајна порака за тебе.“ Тој рече: „Потивко!“ И излегоа сите што стоеја покрај него. 20Аод влезе кај него: тој седеше сам во летната горна соба. Тогаш Аод рече: „Имам Божја порака за тебе.“ Еглон стана од престолот. 21Тогаш Аод ја подаде својата лева рака, и го зеде мечот од десното бедро и го заби во неговиот стомак, 22така што сечилото влезе заедно со дршката, а салото го покри сечилото; бидејќи Аод не можеше да го извади мечот, од неговиот мев излегуваше нечистотија. 23Аод потоа излезе од собата, ја затвори вратата и ја заклучи. 24Откако излезе, слугите на Еглон дојдоа и видоа: ете, вратата на собата е заклучена, и си рекоа: сигурно тој е отиден по потреба до летната соба. 25Чекаа доста долго, но откако видоа дека никој не ја отвора вратата од собата, зедоа клуч и отклучија, а таму нив­ниот господар лежи на земјата мртов. 26Додека се чудеа, Аод избега, мина покрај идолите и се засолни во Сеира. 27А штом пристигна Аод затруби со труба во Ефремовата Планина, и слегоа со него синовите Израелови од гората, и тој тргна пред нив. 28И им рече: „Одете по мене, зашто Господ ги предаде непријателите ваши, Моавците, во ваши раце.“ И тргнаа по него, ги презедоа моавските премини на Јордан, и не пуштија никој да премине. 29Тогаш убија околу десет илјади Моавци, сѐ здрави и силни, и никој не избега. 30Така се смирија во оној ден Моав­ците пред Израел, и земјата беше спо­којна осумдесет години.
Самегар
31 # 5,6; 2 Сам 23,11-12 По него дојде Самегар, син Анатов, кој уби шестотини Филистејци со волов­ски остен; и тој исто така го избави Из­раел.

Селектирано:

Судии 3: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се