Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Судии 2:7-12

Судии 2:7-12 MK2006

Народот Му служеше на Господ во текот на сите денови на Исус и во текот на сите денови на старешините, кои го надживеаја Исус, и кои го беа виделе сето големо дело на Господ што Тој го направи за Израел. А кога умре Исус, синот Навинов, слуга Господов, на сто и десет години, го погребаа во пределите на него­виот дел што го наследи во Тим­нат-Херес, во Ефремовата Гора, на се­вер од планината Гааш; и кога целото поколение им се при­дружи на своите предци, и настана по нив друг род, кој не Го знаеше Гос­пода и делата Негови, какви што му беше направил на Израел, – тогаш Израеловите синови почнаа да прават зло пред Господ и да му слу­жат на Ваал; Го оставија Господа, Бог на тат­ковците нивни, Кој ги беше извел од земјата египетска, и се свртеа кон други богови, кон боговите на тамошните мес­та, и почнаа да им се поклонуваат, и Го разгневија Господа