Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Судии 2:12-23

Судии 2:12-23 MK2006

Го оставија Господа, Бог на тат­ковците нивни, Кој ги беше извел од земјата египетска, и се свртеа кон други богови, кон боговите на тамошните мес­та, и почнаа да им се поклонуваат, и Го разгневија Господа; Го оставија Господа и почнаа да им служат на Вааловци и на разни Ас­тарти. Тогаш Господ силно се разгневи против Израелците и ги предаде во рацете на грабачи, кои ги ограбуваа; и ги предаде во рацете на околните народи, и не можеа повеќе да одолеат пред непријателите свои. Насекаде, каде и да отидеа тие, ра­ката Господова беше против нив на зло, како што им беше говорел Господ и како што им се беше заколнал Господ. И тие беа на голема мака. Тогаш Господ постави судии, кои ги спасуваа од рацете на оние што ги пленеа. Но тие и нив не ги слушаа, туку блудствуваа со други богови и ним им се поклонуваа, а потоа скршнаа од патот, по кој одеа нивните предци, кои им се покоруваа на заповедите од Господ. Тие не правеа така. Но кога Господ им поставуваше судии, Сам Господ беше со судијата и ги спасуваше од непријателите нивни во текот на целиот век на судијата, зашто Господ ги сожалуваше, слушајќи ги оф­кањата нивни од оние што ги угнетуваа и потискаа. Но штом ќе умреше судијата, тие одново почнуваа да живеат во уште по­голем разврат од своите предци, одеј­ќи по други богови, да им служат и да им се поклонуваат. И не отстапуваа од де­лата свои жестоки и од лошиот пат свој. Тогаш Господ силно се разгневи про­тив Израел и рече: „Поради тоа што овој народ отстапи од заветот Мој што го поставив со нивните предци, и не го послушаа гласот Мој, ни Јас нема повеќе да протерувам пред нив ниеден од народите што ги остави Исус, кога умираше, за да го испитам Израел; ќе почнат ли да се држат до патот Господов и да одат по него, како што се држеа тат­ковците нивни, или не?“ И Господ ги остави тие народи и не ги протера веднаш и не ги предаде во рацете на Исус.