Судии 10
10
Судиите Тола и Јаир
1 #
8,31
По Авимелех се крена да го спаси Израел Тола, синот на Пуа, син на Додо, маж од Исахаровото племе. Тој живееше во Шамир, на Ефремовата Планина. 2Тој беше судија над Израел дваесет и три години, и умре, и беше погребан во Шамир. 3#4 Мојс 32,41; 1 Цар 4,13; 1 Лет 2,21-23По него дојде Јаир од Галаад, кој беше судија над Израел дваесет и две години. 4Тој имаше триесет сина, кои јаваа на триесет магариња, и имаа триесет града, кои и до денес се нарекуваат Јаирови селишта, а се во Галаадската земја. 5Јаир умре и беше погребан во Камон.
Амонците го напаѓаат Израел
6 #
2,11.13; 5 Мојс 32,15 А Израеловите синови пак почнаа да прават зло пред Господ и им служеа на разни Ваали и Астарти, на боговите арамејски, на боговите сидонски, на боговите моавски, на боговите од синовите Амонови и на боговите филистејски, а Господа Го оставија и не Му служеа. 7#5 Мојс 31,17; 32,30И се разгори гневот на Господ против Израел, и Тој ги предаде во рацете на Амоновите синови. 8Оттогаш тие ги угнетуваа и ги мачеа Израеловите синови осумнаесет години по ред, сите Израелови синови од онаа страна на Јордан во аморејската земја, која е во Галаад. 9Најпосле Амонците го преминаа Јордан за да војуваат против Јуда и Венијамин и против домот Ефремов. И синовите Израелови беа на големи маки. 10#3,9; 5 Мојс 1,41; 1 Сам 12,10; 1 Цар 8,47; Ер 3,25; 8,14; 14,20; Пс 32,5; 106,6; Дан 9,5Па повикаа синовите Израелови кон Господ и рекоа: „Згрешивме пред Тебе, зашто го оставивме нашиот Бог и им служиме на Вааловци.“ 11И Господ им рече на Израеловите синови: „Не ве угнетуваа ли Египќаните и Аморејците, Амонците и Филистејците, 12#3,13Сидонците, Амаликијците и Маонците и кога повикавте кон Мене, не ве спасив ли од рацете нивни? 13#Ер 11,10; 13,10А вие Ме оставивте и почнавте да им служите на други богови; затоа нема повеќе да ве спасувам; 14#5 Мојс 32,37-38; Ер 2,28; 11,12; Авак 2,18одете, повикајте ги боговите што сте ги избрале, нека ве спасат тие во ова за вас тешко време.“ 15#1 Сам 3,18; 2 Сам 10,12; 15,26Тогаш синовите Израелови Му рекоа на Господ: „Згрешивме; прави со нас сѐ што Ти е мило, само спаси нѐ сега.“ 16#Ис.Н. 24,23И ги отфрлија од себе туѓите богови и почнаа да Му служат на Господ. И не ги истрпе душата Негова страдањата Израелови. 17Амонците, пак, се собраа и се сместија, поставија логор во Галаад; исто така се собраа и Израеловите синови и поставија логор во Мицпа. 18Народот и началниците галаадски си рекоа еден на друг: „Кој ќе почне војна против Амонците, тој нека биде началник на сите галаадски жители.“
Селектирано:
Судии 10: MK2006
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006