Од каде се војните и расправиите меѓу вас? Не оттаму ли – од вашите похоти, кои се борат во органите ваши? Пожелувате и немате; убивате и завидувате, и не можете да добиете; се препирате и војувате, а немате, бидејќи не се молите. Просите, а не добивате, зашто зло барате, за да го трошите во вашите похоти. Прељубодејци и прељубодејки, не знаете ли дека пријателството со овој свет е непријателство на Бога? Зашто, кој сака да му е пријател на светот, му станува непријател на Бога. Или, пак, мислите дека Писмото напразно зборува: „Со ревност го љуби духот што го вселил во нас.“ Но Тој дава поголема благодат; затоа е речено: „Бог се противи на горделивите, а на понизните им дава благодат.“
Прочитај Јаков 4
Слушај Јаков 4
Сподели
Спореди ги сите верзии: Јаков 4:1-6
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа