Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Јаков 4:1-12

Јаков 4:1-12 MK2006

Од каде се војните и расправиите меѓу вас? Не оттаму ли – од вашите похоти, кои се борат во органите ваши? Пожелувате и немате; убивате и за­видувате, и не можете да добиете; се препирате и војувате, а немате, бидејќи не се молите. Просите, а не добивате, зашто зло барате, за да го трошите во вашите по­хоти. Прељубодејци и прељубодејки, не знаете ли дека пријателството со овој свет е непријателство на Бога? Зашто, кој сака да му е пријател на светот, му станува непријател на Бога. Или, пак, мислите дека Писмото напразно зборува: „Со ревност го љуби духот што го вселил во нас.“ Но Тој дава поголема благодат; за­тоа е речено: „Бог се противи на горделивите, а на понизните им дава благодат.“ Па затоа, покорете Му се на Бога; а противете се на ѓаволот, и тој ќе побегне од вас. Приближете се кон Бога, и Тој ќе се приближи кон вас; исчистете ги рацете, грешници, поправете ги срцата свои, непостојани! Бидете нажалени и плачете и липај­те: смевот ваш нека се претвори во плач, а радоста во тага! Понизете се пред Господ и ќе ве по­дигне! Не озборувајте се еден со друг, бра­ќа: зашто, кој го озборува братот свој или го суди, тој го напаѓа Законот и го суди Законот. А ако, пак, го судиш Законот, тогаш ти не си извршител на Законот, туку судија. Еден е Законодавецот и Судијата, Кој може да спаси и погуби: а ти, кој си што осудуваш друг?

Бесплатни планови за читање и побожни текстови поврзани со Јаков 4:1-12