Кој е меѓу вас мудар и умен, нека ги покаже преку своето добро однесување делата свои во кротост и мудрост. Но, ако во срцата свои имате горчлива завист и карање, не фалете се и не лажете против вистината: тоа не е мудрост која доаѓа озгора, туку земна, душевна, бесовска; зашто, каде што има завист и карање, таму има неслога и сѐ е лошо. А мудроста, што иде озгора, е најнапред чиста, а потоа мирна, кротка, покорна, полна со милост и добри плодови, непристрасна и нелицемерна. Плодот, пак, на правдата во мир се сее од миротворците.
Прочитај Јаков 3
Слушај Јаков 3
Сподели
Спореди ги сите верзии: Јаков 3:13-18
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност
Дома
Библија
Планови
Видеа