Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Јаков 2:18-26

Јаков 2:18-26 MK2006

Но може некој да рече: ти имаш вера, а јас имам дела. Покажи ми ја сво­ја­та вера без дела, а јас преку моите дела ќе ти ја покажам мојата вера. Ти веруваш дека Бог е еден: добро правиш; но и злите духови веруваат, а треперат. Не сакаш ли да разбереш, о суетен човеку, дека верата без дела е мртва? Нели со дела беше оправдан Авра­ам, нашиот татко, откако врз жртве­ни­кот го положи својот син Исак? Гледаш ли дека верата дејствуваше заедно со делата негови, и дека преку делата, верата стана совршена? И се изврши Писмото, кое вели: „Му поверува Авраам на Бога, и тоа му се сметаше за праведност“, и тој се на­рече – пријател Божји. Гледате ли дека човекот се оправдува со дела, а не само со вера? А така не се оправда ли со дела и блудницата Раав, откако ги прими извидувачите и ги изведе по друг пат? Зашто, како што е телото без дух мртво, така и верата без дела е мртва.

Бесплатни планови за читање и побожни текстови поврзани со Јаков 2:18-26