Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Исаија 9

9
Крај на војните
1 # Мих 7,8; Лк 1,78-79; Јн 8,12; Ефес 5,8 Народот, кој оди во темнина, ќе види голема светлина; врз оние што живеат во земјата на смртната сенка, ќе болсне светлина. 2#26,15; Пс 4,7; 119,162; 126,6; 132,9Ти ќе го умножиш народот, ќе ја зголемиш радоста негова. Тој ќе се ве­сели пред Тебе, како што се веселат за време на жетва, како што се радуваат при делење на плен. 3#10,26-27; 14,5.25; Суд 7,15-25; Ер 30,8Зашто јаремот, кој му тежеше, и же­золот што го поразуваше, и стапот на неговиот угнетувач – Ти ќе ги скршиш, како во денот на Мидјан. 4#Ез 39,9; Пс 46,9; 76,4Зашто секоја војничка обувка во време на војна и облека, извалкана од крв, ќе бидат предадени на изгорување, за храна на огнот.
За Месијата
5 # 7,14; 1 Мојс 3,15; 49,10; 4 Мојс 24,17; Мих 5,1-3; Зах 9,9; Пс 110,2; Лк 2,11; Јн 3,16 Зашто дете ни се роди – Син ни се даде; власта е на рамењата Негови, и ќе Го наречат: Чудесен Советник, Бог си­лен, Отец вечен, Кнез на мирот. 6#2 Сам 7,16; Пс 72,7; Лк 1,32-33; 2,14Неговата власт и мирот бескраен ќе растат врз престолот на Давид и во цар­ството негово, за да го утврди Тој и да го зацврсти преку суд и правда отсега па довека. Тоа ќе го направи ревноста на Господ Саваот.
Казна за Израел
7 # 55,10-11; Ер 23,29 Господ му испраќа слово на Јаков, тоа слегува врз Израел, 8#5,19; Ос 7,10за да знае сиот народ, Ефрем и жителите на Самарија, кои со гордост и надуено срце велат: 9#Мал 1,4; Изреки 16,18„Тулите паднаа, – ќе градиме со делкани камења; смоквите се исе­чени, – ќе ги замениме со кедри.“ 10#7,16Ќе се крене Господ против него и непријателите на Рецин, ќе ги воо­ружи непријателите негови; 11#5,25; 10,4; Ер 10,25; Мих 3,3; Авак 1,13; Изреки 30,14Арамејците откај исток, Филистеј­ците откај запад; ќе го голтнат Израел со полна уста. При сето тоа гневот Не­гов нема да се одврати и раката Негова ќе остане протегната. 12#31,1; Ер 5,3-6; Ос 7,10-15; Амос; 4,6-11; Соф 1,6Но народот не се обраќа кон Оној, Кој го бие и не прибегнува кон Господ Саваот. 13#19,15; 5 Мојс 28,13.44Господ ќе му ја пресече на Израел главата и опашката, палмата и трската во еден ден: 14#28,7; 30,10; Ер 14,14; Плач 2,14старецот и големецот – тоа е гла­вата; а пророкот – лажниот учител, е опашот. 15#3,12Водачите на овој народ ќе го доведат во заблуда, а водените од нив ќе за­гинат. 16#Ер 18,21Затоа Господ нема да ги поштеди момчињата негови, и нема да се смили над сираците негови и вдовици­те не­гови; зашто сите тие се лицемери и зло­дејци, и устата на сите зборува нечесно. При сето тоа гневот Негов нема да се одврати и раката Негова ќе остане протегната. 17#33,11-12; Јк 3,6Зашто беззаконието како оган се разгорело, голтнува глог и трн и гори во горските гасталаци, се креваат столбови од дим. 18#10,6; 33,12Гневот на Господ Саваот ќе ја изгори земјата, народот ќе стане како храна за огнот, човек нема да го по­жали братот свој. 19#3,5; 49,26; Ер 19,9; Мих 7,5-6; Зах 11,9Ќе лапаат надесно – и ќе си оста­нат гладни; ќе јадат налево – и нема да се наситат; секој ќе го јаде месото од својата мишка: 20#7,1Манасија – Ефрем, и Ефрем – Ма­насија, обајцата заедно – Јуда. При сето тоа нема да се одврати гневот Негов, и раката Негова ќе остане протегната.

Селектирано:

Исаија 9: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се