Исаија 8
8
Утеха на верните во лошите времиња. Опомена да се верува во живиот Бог
1 #
10,6; 30,8; Ер 30,2; Авак 2,2 И ми рече Господ: „Земи си голема плоча и напиши на неа со човечко писмо: Махер-Шалал-Хаш-Баз#8,1 Брз на плен и итар на грабеж..“ 2#2 Цар 16,10-16; 18,2И си зедов верни сведоци: свештеникот Урија и Захарија, синот Јеверикиев, 3#7,14и легнав со пророчицата, и таа зачна и роди син. И ми рече Господ: дај му име: Махер-Шалал-Хаш-Баз; 4#7,16; 17,1-6; 2 Цар 16,9зашто, пред да се научи детето да изговара: тате, мамо, – богатството на Дамаск и пленот самарјански ќе бидат однесени од асирскиот цар. 5И продолжуваше да ми зборува Господ и рече: 6#7,1-2; 30,15-16; Јн 9,7„Штом овој народ ги занемарува водите на Силоам, кои течат тивко, а се восхитува на Рецин, и на синот Ремалиев, 7#7,17; Пс 69,1; Откр 12,15Господ ќе ги испрати врз него бурните и големи води на Реката – асирскиот цар со сета негова слава; 8#7,14; 10,28-32; 30,28; 36,1и ќе навлезе во Јудеја, ќе ја поплави и високо ќе се крене – ќе стигне до вратот; и раширените крила нејзини ќе бидат по целата ширина на Твојата земја, Имануеле!“ 9Здружувајте се, народи, но ќе бидете уништени, и внимавајте, вие сите што сте далечни земји! Вооружувајте се, но ќе бидете победени; вооружувајте се, но ќе бидете уништени! 10#7,14; Изреки 21,30; Рим 8,31Кројте заговори, но тие ќе се рушат, говорете збор, но тој нема да се исполни, зашто со нас е Бог! 11#Ер 20,7; Ез 3,14Зашто вака ми велеше Господ, држејќи ја врз мене цврстата рака и опоменувајќи ме да не одам по патот на тој народ, велејќи: 12#7,2; 1 Птр 3,14„Не нарекувајте го заговор сето она што тој народ го нарекува заговор; и не плашете се од она, од кое тој се плаши, не стравувајте. 13#29,22-23; 1 Птр 3,15Господ Саваот – само Него сметајте Го за свет, и Тој да биде ваш страв и ваш трепет! 14#Ез 11,16; Лк 2,34; Рим 9,32-33; 1 Птр 2,7-8; Откр 21,22Тој ќе биде осветување и камен за сопнување и карпа за соблазна на двата дома Израелови, стапица и мрежа за жителите ерусалимски. 15#28,13И мнозина од нив ќе се сопнат и ќе паднат, ќе се разбијат, ќе се заплеткаат во стапицата и ќе бидат уловени.“
Исаија и верните следбеници
16 #
Дан 12,4
„Врзи го свидетелството и запечати го откровението пред своите ученици.“ 17#Мих 7,7; Авак 2,3; Пс 13,1И така, јас се надевам на Господ, Кој го сокрил лицето Свое од домот Јаковов, на Него се надевам. 18#7,3; 8,1-3; 1 Мојс 33,5; Пс 132,13; Евр 2,13Ете, јас и децата што ми ги даде Господ, сме како белези и докази во Израел од Господ Саваот, Кој живее на гората Сион. 19#19,3; 1 Сам 28,3; 2 Цар 1,3И кога ќе ви речат: „Обратете се кон оние, што извикуваат мртовци, и кон маѓесници, кон бајачи и оние што говорат од стомак, тогаш одговарајте: не треба ли народот да се обрнува кон својот Бог? Се прашуваат ли мртви за живи?“ 20Допрашајте се до законот и откровението! Ако некои речат дека не е така, тогаш за нив нема светлина. 21#2 Мојс 22,27; Изреки 30,9Ќе скитаат тие по земјата, жестоко угнетувани и гладни; и во време на гладот ќе се лутат, ќе го навредуваат својот цар и својот Бог. 22#5,30; Мих 3,6И ќе се загледаат угоре, и ќе погледаат кон земјата; и ете – скрб и мрак, густа темнина; и ќе бидат фрлени во темнината. 23#17,1-9; Ис.Н. 20,7; Мт 4,13-16Но нема секогаш да има мрак таму, каде што сега тој е згустен. Поранешното време ја понизи земјата Завулонова и земјата Нефталимова; но подоцнежното – ќе го возвеличи крајморскиот пат, од онаа страна на Јордан, незнабожечка Галилеја.
Селектирано:
Исаија 8: MK2006
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006