Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Исаија 66

66
Вистинска побожност
1 # 57,15; 60,13; 1 Цар 8,27; Пс 103,19; Мт 5,35; Дела 7,49-55 Вака вели Господ: небото е Мој престол, а земјата – подножје на нозете Мои; каде тогаш ќе изградите дом за Мене, каде е местото на Мојот спокој? 2#Ер 14,22; Пс 24,1-2; Јов 12,9Зашто, сето тоа го создаде Мојата рака, и сето тоа е Мое, вели Господ. А еве на кого ќе погледнам: на понизниот и скршениот по дух и на оној што трепери пред Моето слово. 3#41,29; 57,5; 65,4А кој коле вол, е исто, како оној што убива човек; кој принесува јагне за жртва, е исто, како оној што задушува куче; кој принесува дар, е исто, како оној што принесува свинска крв; кој кади темјан, е исто, како оној што се моли на идол. Тие го избрале тоа на своите патишта, и душата нивна наоѓа задоволство во одвратностите нивни, – 4#50,2; 65,12; Ер 7,13така и Јас ќе ја употребам нивната измама и ќе го испратам врз нив она, што е за нив ужасно; зашто викав – и немаше кој да одговори, говорев – и тие не слушаа, а вршеа зло пред очите Мои и го избираа она што Ми беше неугодно.
Господ ќе му помогне на Ерусалим
5 # 65,14; Лк 6,22 Чујте го словото на Господ вие, што треперите пред словото Негово: вашите браќа, кои ве мразат и кои ве гонат заради Моето име, велат: „Нека се јави Господ во Својата слава, па да ја видиме радоста ваша.“ Но тие ќе бидат посрамени. 6#59,18; Ер 25,30; Откр 16,17-18Ете, шум од градот, глас од храмот, глас од Господ, Кој дава отплата на не­пријателите Свои: 7#49,21; Откр 12,5Уште не беше почувствувала родилни маки, и роди; пред да настапат бол­ките нејзини, роди син. 8#64,3Кој слушнал такво нешто? Кој ви­дел слично на тоа? Никне ли од земјата во еден ден? Се раѓа ли народ наеднаш, како Сион: штотуку почна да се мачи од родилни болки, – ги роди синовите свои? 9Зар Јас кога ќе ја отворам утробата на мајката – таа нема да роди – вели Господ. Или Јас Кој давам да се роди, ќе ја заклучам ли утробата? – вели твојот Бог. 10#61,3; 65,18-19; Соф 3,17; Јн 16,20Развеселете се со Ерусалим и радувајте се за него сите што го сакате! Ра­дувајте се со него радосно сите што тагувавте по него, 11за да се храните и наситувате од градите на утехите негови, да се опивате и насладувате од изобилната слава негова. 12#48,18; 61,6Зашто вака вели Господ: „Ете, ќе навртам кон него мир како река, и богатство на народите – како поток, кој се разлива, за ваша наслада; на раце ќе ве носат и на колена ќе ве милуваат. 13#49,15; 51,12Како што некого го утешува мајка, така ќе ве утешам и Јас; ќе бидете утешени во Ерусалим. 14#65,8.13-15; Изреки 11,28; Јн 16,22И ќе го видите тоа, и ќе се зарадува срцето ваше, и коските ваши ќе цутат како свежо растение, и раката на Гос­под ќе се јави врз слугите Негови, а на непријателите свои Тој ќе се разгневи. 15#Ер 4,13; Пс 50,3; 2 Сол 1,8Зашто, ете, ќе дојде Господ во оган, и колите Негови – како виор, за да го излее гневот свој со јароста и заканата Своја – со пламнат оган. 16#64,1; Ер 25,33Зашто Господ ќе суди со оган и со мечот Свој над секоја плот, и многумина ќе бидат убиени од Господ. 17#64,3-4Оние, што се посветуваат и очистуваат во градините еден по друг, кои јадат свинско месо и гадотии и глувци, – сите ќе загинат вели Господ.
Закана, но и ветување
18 # 40,5; 60,1-3; Ез 34,13; Мт 24,31; 25,32 Зашто Јас ги знам делата нивни и мислите нивни; ете, ќе дојдам да ги соберам сите народи и јазици, и тие ќе дојдат и ќе ја видат славата Моја. 19#52,15; Ер 46,9И ќе ставам на нив белег, и од пре­живеаните меѓу нив ќе испратам кон народите: во Тарсис, во Пул и Луд, мај­стори за оптегнување лак, во Тувал и во Јаван, и во далечните острови, кои не чуле за името Мое и не ја виделе славата Моја; и тие ќе им ја објават на народите славата Моја, 20#60,4-9; Соф 3,10и ќе ги претстават сите ваши браќа од сите народи како дар на Господ на коњи и коли, на носилки, на маски и на брзи камили, – на Мојата света гора, во Ерусалим, вели Господ, – исто како што синовите Израелови принесуваат дар во домот Господов во чист сад. 21#56,3-7; Откр 1,6И од нив ќе земам свештеници и левити, вели Господ. 22#65,17Зашто, како што новото небо и но­вата земја, кои Јас ќе ги создадам, ќе бидат секогаш пред лицето Мое, вели Господ, така ќе постои и потомството ваше и името ваше. 23#Пс 22,27Тогаш од месец на месец, и од са­бота во сабота ќе доаѓа секоја плот пред лицето Мое на поклонение, вели Гос­под. 24#Мк 9,43-48И ќе излегуваат и ќе ги видат тру­повите на луѓето што отстапиле од Мене; зашто црвот нивни нема да умре, ниту огнот нивни ќе угасне и ќе бидат одвратност за секоја плот.“

Селектирано:

Исаија 66: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се