Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Исаија 65

65
Господ ќе ги казни виновниците
1 # 52,15; Рим 10,20 Јас им се открив на оние, кои не прашуваа за Мене, кои не Ме бараа: „Еве Ме, еве Ме!“ – му велев на народ, кој не го повикуваше името Мое. 2#Ер 7,24; Пс 36,4; Изреки 1,24; Рим 10,21Секогаш ги протегав рацете Свои кон непокорниот народ, кој одеше по лош пат, – по своите помисли, – 3#66,17; 5 Мојс 32,21; Ос 12,15кон народ, кој постојано Ме навредува в лице, принесува жртви во градините и пали темјан на црепчиња, 4#66,3.17; 5 Мојс 14,8; 18,21; Мк 5,1-20седи во гробови и ноќева во пеш­тери; јаде свинско месо, а во садовите негови има гнасно вариво; 5#Пс 18,8кои велат: „Застани, не доближувај се до мене, зашто сум свет за Тебе.“ Тие се дим на ноздрите Мои – оган што гори секој ден. 6#Пс 50,3; 79,12Ете, што е напишано пред лицето Мое: нема да премолчам, туку ќе от­платам, ќе отплатам во пазувата нивна, 7#3 Мојс 26,39-40; Ер 3,25; Ез 6,13за нивните беззаконија, вели Господ, и заедно со беззаконијата на татковците нивни, кои кадеа темјан по планините, и по ридовите Ме навредуваа, – ќе им одмерам полна плата во пазувите нивни и за нивните поранешни дела. 8#4,3Вака вели Господ: „Како што во гроздот има сок, и велат не го повредувај, зашто во него има благослов; исто ќе направам и за Моите слуги, и нема сите да ги погубам. 9#57,13; 60,21; Пс 69,35-36И ќе произведам од Јаков потом­ство, а од Јуда – наследник на Моите гори; и тоа ќе го наследат Моите избрани, таму ќе живеат слугите Мои. 10#Ос 2,17; Соф 2,6И Сарон ќе биде пасиште за овци, а долината Ахор – пладниште за говедата на Мојот народ, кој Ме побара. 11#57,6А вас, кои Го оставивте Господа, ја заборавивте Мојата света гора, готвите трпеза за Гад и отворате полна чаша за Мене, – 12#50,2; 66,4; Ер 7,13; Изреки 1,24вас ве определив за меч, сите ќе се наведнете за колење, зашто викав – и не одговаравте, говорев – не слушавте, но вршевте зло пред очите Мои и го избиравте она, што не беше по волјата Моја.“ 13#5 Мојс 28,47-48; Пс 22,26; Лк 6,20-26Затоа вака вели Господ Бог: „Ете, слугите Мои ќе јадат, а вие ќе гладувате; слугите Мои ќе пијат, а вие ќе се измачувате од жед; 14#66,5; Мт; 25,34-41слугите Мои ќе се веселат, а вие ќе бидете во срам; слугите Мои ќе пеат од срдечна радост, а вие ќе пиштите од срдечна жалост и ќе плачете од маката во вашиот дух. 15#56,5; 62,2; 4 Мојс 5,21; Откр 2,17; 3,12И ќе им го оставите името свое на Моите избрани за проклетство; тебе ќе те убие Господ Бог, а слугите Свои ќе ги нарече со друго име, 16#Ер 12,16; 2 Кор 1,20; Откр 3,14оној, што се благословува на земјата, нека се благословува со вистинскиот Бог; и кој се колне на земјата, нека се колне со вистинскиот Бог, – зашто по­ранешните жалости ќе бидат заборавени и сокриени од Моите очи.“
Божјите нови творби
17 # 43,18; 51,6; 66,22; 2 Птр 3,13; Откр 21,1 „Зашто, ете, Јас создавам ново небо и нова земја, а поранешните нема по­веќе да се спомнуваат, ниту на ум ќе доаѓаат. 18#1,26; 60,14-15; Пс 92,4А вие ќе се веселите и ќе се радувате довека за она што Јас го создавам: зашто, ете, Јас ќе го создадам Ерусалим за веселба, а народот негов – за радост. 19#62,5; 66,10; Ер 32,41; Откр 21,4Ќе се радувам за Ерусалим и ќе се веселам за Мојот народ; и нема повеќе да се чуе во него глас од плачење и глас од пискот. 20#Зах 8,4Таму веќе нема да има новороденче кое живее кратко, ни старец, што нема да ги исполни деновите свои; тој што ќе умре на сто години ќе се смета за мом­че, а оној што ќе живее помалку од сто години ќе се смета за проколнат. 21#62,8; 5 Мојс 28,30-33; Ер 29,5; 31,5; Ез 28,26; Амос 5,11; 9,14Ќе градат куќи и ќе живеат во нив, ќе садат лозја и ќе ги јадат плодовите нивни. 22#Мих; 6,14-15; Соф 1,13Нема да градат, за да живее друг, нема да садат, за да јаде друг; зашто дните на народот Мој ќе бидат како дните на дрво, и моите избрани долго ќе се користат со делото на рацете свои. 23#44,3; 61,9; Фил; 2,15-16Нема да се трудат напразно и да ра­ѓаат деца за скрб; зашто ќе бидат семе благословено од Господ, и потомците нивни со нив. 24#30,19; 58,9И пред тие да повикаат, Јас ќе од­говорам; тие уште ќе говорат, а Јас веќе ќе ги чујам. 25#11,6-9; 1 Мојс 3,14Волк и јагне ќе пасат заедно, а ла­вот ќе јаде слама како вол, а на змијата правот ќе ѝ биде храна: тие нема да причинуваат зло и штета по целата Моја света гора“, вели Господ.

Селектирано:

Исаија 65: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се