Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Исаија 64

64
1 # 10,16-17; Пс 18,7; 50,3 Како оган што растопува восок, како од оган што вода зоврива, така ќе го познаат името Твое непријателите и од Твоето лице ќе затрепе­рат народите. 2Кога вршеше страшни дела, од нас неочекувани, и слегуваше, – гори се топеа од Твоето лице. 3#30,18; 45,5; 5 Мојс 4,32-33; Пс 9,10; 1 Кор 2,9Зашто од века не се чуло, до уво не допрело, и никое око не беше видело друг бог, освен Тебе, Кој направил тол­ку многу за оние, кои на Него се надеваат. 4#Ер 6,16; Мих 7,9; Плач 3,42Ти милостиво го пресретнуваше се­кого, кој се радуваше и кој вршеше правда, кој Те спомнуваше на Твоите патишта. Но, ете, Ти се разгневи, зашто ние одамна грешевме; па како тогаш ќе бидеме спасени? 5#1,30; 40,7-8; 3 Мојс 15,19-24; Ез 36,17Сите ние станавме како нечист човек, и секоја наша правда – како из­валкана облека; сите попаѓавме како лист; а беззаконијата наши како ветар нѐ однесуваат. 6#54,8; 57,17; 59,2; Ос 7,7; Јов 13,24Нема никој кој би го повикувал Твоето име, кој би установил да се држат здраво за Тебе: затоа Ти го сокри лицето Твое од нас и нѐ остави да ги­неме од беззаконијата наши. 7#29,16.23; 43,1.21; 1 Мојс 2,7; 5 Мојс 32,6; Ер 18,6; Пс; 103,13-14; Јов 10,9; Ефес 2,10Но сега, Господи, Ти си наш Татко; ние сме глина, а Ти – наш грнчар, сите сме дело на Твоите раце. 8#Пс 25,7Немој да се гневиш безмерно, Госпо­ди, и немој вечно да го помниш беззаконието. Но, погледај: сите сме Твој народ. 9Градовите на Твојата светиња ста­наа пустелија; пустина стана Сион; Ерусалим е опустошен. 10#Ер 52,13; Пс 74,7; Плач 1,10; 2 Лет 36,19Домот на нашата светиња и на на­шата слава, каде што татковците наши Те прославуваа, од оган изгоре, а сите наши добра така пропаднаа. 11#Зах 1,12; Пс 83,1По сево ова, ќе се воздржуваш ли уште, Господи, ќе молчиш ли и ќе нѐ казнуваш ли без мерка?

Селектирано:

Исаија 64: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се