Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Исаија 63

63
Господ е Победник над народите
1 # 34,1-17; 5 Мојс 2,5; Откр 19,13 Кој е Оној, Кој иде од Едом, во црвена облека од Восор, Кој е толку величествен во облеката Своја, Кој пристапува во полната сила Своја? – „Јас сум, Кој изрекувам правда и сум силен да спасувам.“ 2Зошто Твојата облека е црвена, и твоите облеки – како на оној, што газел во каца? 3#41,28; Јоил 4,13; Откр 14,19-20; 19,15„Јас газев во каца Сам, и никој од народите не беше со Мене; Јас ги газев во гневот Свој и ги газев во јароста Своја; крвта нивна Ми ја прскаше об­леката Моја; ја извалкав целата облека Моја; 4#34,8; Ос 9,7зашто денот за одмазда е во срцето Мое, и годината на искупените од Мене настапи. 5#59,16; Пс 69,20; 98,1Јас гледав – и немаше помошник; се чудев, зошто немаше кој да Ме пот­крепи; но Мојата рака Ми помогна, и Мојот гнев – тој Ме поткрепи: 6#49,26и во гневот Свој ги згазив народите, ги уништив во јароста Своја и ја излеав на земјата крвта нивна.“
Добрината на Господ
7 # Пс 13,5; 89,2; 145,7 Ќе се сеќавам на милоста и славата Господова, за сѐ што Господ ни дарува, за големата Негова благост кон домот Израелов што Тој ја укажа по милосрдноста Своја и по многуте добрини Свои. 8#5 Мојс 14,1-2; 32,5Тој рече: „Навистина, тие се Мој народ, деца што нема да изневерат,“ – и Тој ќе биде нивни Спасител. 9#46,3-4; 2 Мојс 19,4; Ер 31,3; Ос 3,1; Мал 3,17Во секоја нивна жалост Тој не ги оставаше и Ангелот на Неговото при­суство ги спасуваше#63,9 или Не праќаше ниту прате­ник, ниту ангел, туку Сам ги спасуваше.; со Својата љубов и добросрдечност Тој ги искупи, ги зеде и ги носеше во текот на сите древни дни. 10#4 Мојс 20,10; 5 Мојс 32,15; Плач 2,5; Ефес 4,30Но, тие се одметнаа и Го огорчија Неговиот Свет Дух; затоа Тој им стана непријател, така што Сам војуваше против нив. 11#2 Мојс 2,1-10; 4 Мојс 11,17; Ер 2,6; Неем 9,20; Евр 13,20Тогаш народот Негов си спомна за древните дни, деновите на Мојсеј: каде е Оној што ги изведе од морето со пастирот на Своите овци? Каде е Оној што Го вложи во неговото срце Својот Свет Дух? 12#2 Мојс 14,5-31; Пс 135,13Кој го водеше Мојсеј за десната рака со Својата величествена сила и ги раздели пред нив водите, за да си создаде вечно име? 13#51,10; Пс 106,9Кој ги водеше преку бездни, како коњ по степи и тие не се сопинаа? 14#2 Сам 7,23; Пс 77,20Како што стадо слегува во долина, – така Духот на Господ ги води кон покој. Така и Ти го водеше Својот народ, за да си создадеш славно име.
Молитва за помош
15 # 64,7-11; Ер 31,20; Ос 11,8; Пс 80,14; 102,20 Ѕирни од небесата и погледни од Твоето живеалиште на светињата Твоја и на славата Твоја: каде се ревноста и силата Твоја? Големата Твоја милосрдност и милоста Твоја кон мене престанаа. 16#5 Мојс 1,31; 32,6; Пс 74,12; Мт 6,9; 23,9Само Ти си Отец наш; зашто Ав­раам не нѐ познава, ниту Израел нѐ признава за свои; Ти, Господи, си наш Отец, отсекогаш Твоето име е: „Иску­пител наш.“ 17#64,4; 5 Мојс 32,9; Пс 90,13Зошто Господи, си допуштил да се отстраниме од Твоите патишта, да се ожесточи срцето наше, за да не се пла­шиме од Тебе? Сврти се заради Твоите слуги, заради племињата на Твоето нас­ледство. 18#64,10; Ер 51,51; Пс 74,3; Лк 21,24Кратко време владееше над него народот на Твојата светиња: непријате­лите наши го изгазија твоето свети­лиште. 19#5 Мојс 28,10; Ер 14,9; Пс 144,5; Мк 1,10; 15,38; Откр 19,11Ние станавме такви, како над кои никогаш да не си владеел, и над кои името Твое да не се спомнувало. О, да беше ги раскинал Ти небесата и да беше слегол! Горите би се стопиле од лицето Твое!

Селектирано:

Исаија 63: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се