Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Исаија 61:1-7

Исаија 61:1-7 MK2006

Духот на Господ Бог е врз Мене, зашто Господ Ме помаза за да им благовествувам на бедните, Ме испрати да лекувам скрушени по срце, да им проповедам на заробените и на затворениците – отворање на темницата, да ја проповедам благопријатната Господова година и денот за одмазда на нашиот Бог; да ги утешам сите оние што тагуваат, да им соопштам на оние што тагуваат на Сион дека ним место пепел ќе им се даде украс, место плачење – ми­рисно масло на радост, место опаднат дух – славна облека; и ќе ги наречат да­бови на правда, градина на Господ за Негова слава; и ќе ги изградат древните урнатини, ќе обноват стари урнатини и ќе подноват разурнати градови, запустени од дамнешни родови. Тогаш ќе дојдат туѓинци, и ќе ги па­сат стадата ваши; синовите на туѓин­ците ќе бидат ваши земјоделци и ваши лозари. А вие ќе се нарекувате свештеници на Господ, – служители на нашиот Бог ќе ве нарекуваат; ќе се користите со имотот на народите и ќе се прославувате со нивните богатства. Заради тоа што бевте двојно посрамени, подбивот и срамот им беа наследство, затоа во земјата ќе добијат двојно; вечна веселба ќе има кај нив.

Бесплатни планови за читање и побожни текстови поврзани со Исаија 61:1-7