Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Исаија 6

6
Видение за славата Господова
1 # 2 Цар 15,32; Амос 9,1; Дан 7,9; 2 Лет 26,22-23; Откр 4,2; 20,11 Во годината кога умре цар Озија, јас Го видов Господа, седнат на престолот висок и издигнат, а полите на облеката Негова го исполнија целиот храм. 2#Ез 1,11; Откр 4,8Околу Него стоеја серафими; секој од нив имаше по шест крилја: со две секој го криеше лицето свое, со две дру­ги ги криеше нозете свои, а со две ле­таше. 3#57,15; 4 Мојс 14,21; Авак 3,3; Пс 29,9; 72,19; Откр 4,8И викаа еден кон друг и велеа: „Свет, свет, свет е Господ Саваот! Це­лата земја е полна со Неговата слава!“ 4#2 Мојс 19,16; 40,34-35; 1 Цар 8,10; Пс 18,7-11; Откр 15,8И се разниша горништето на вра­тите од гласот на оние што викаа, а домот се исполни со дим. 5#1,16; 2 Мојс 33,20; Суд 6,22И реков: „Тешко мене, зашто сум човек со нечиста уста и живеам среде народ исто така со нечиста уста, – а очите мои Го видоа Царот, Господ Саваот!“ 6#Откр 8,3-5Тогаш долета до мене еден од сера­фимите со разгорен јаглен во раката што го беше зел со клешти од жрт­веникот, 7#Ер 1,9; Пс 51,2-3; Дан 10,16се допре до устата моја и ми рече: „Ете, тоа се допре до устата твоја – и твоето беззаконие се оттргна од тебе, гревот твој се очисти.“ 8#40,6; 2 Мојс 4,13; 1 Цар 22,20И го чув гласот на Господ, Кој рече: „Кого да испратам и кој ќе отиде за нас?“ А јас реков: „Еве ме мене, испра­ти ме мене!“ 9#43,8; Мт; 13,14-15; Мк 4,12; Дела; 28,26-27Тогаш Тој рече: „Оди и кажи му на тој народ: ‚со ушите ќе чуете и нема да разберете, и со очи ќе гледате – и нема да видите.‘ 10#Ер 5,21; Ез 12,2; Зах 7,11; Јн 12,40Зашто срцето на тој народ е закоравено, и со ушите тешко слушаат и ги затвориле очите свои за да не гледаат со очи, со уши да чујат и со срце да разбе­рат, та да се обратат да ги излекувам.“ 11#1,7; 32,14; Ер 4,7; 51,43И реков: „До кога, Господи?“ Тој рече: „Додека запустат градовите и останат без жители, и куќите без луѓе, земјата сосема не се запусти, 12#7,16; 10,23додека Господ не ги протера луѓето и голема пустош во таа земја да има. 13#2 Сам 19,44; 1 Цар 11,31-32И ако остане уште десеттиот дел во неа, и таа пак ќе биде разорена; но како од брест и даб, кога се и отсе­чени, останува коренот нивни, така светото семе ќе биде нејзин корен.“

Селектирано:

Исаија 6: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност