Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Исаија 58:3-7

Исаија 58:3-7 MK2006

„Зошто ние постиме, велат, а Ти не гледаш; ги измачуваме душите свои, а Ти не сакаш да знаеш?“ – Ете, кога постите, вие ја исполнувате својата волја и други угнетувате. Ете, вие постите за караници и рас­правии и за да ги биете со рака сиромасите; со таков пост со каков што постите денес, гласот ваш нема да биде чуен во висините. Таков ли е постот, што Јас го определив: човек да ја изнемоштува душата своја во денот кога ја наведнува главата како трска и под себе постила вреќиште и пепел? Тоа ли ќе го наречеш пост и ден угоден на Господ? Ете го постот, што го избрав: раскини ги оковите на неправдата, одврзи ги врските на јаремот, и угнетените пушти ги на слобода и скрши го секој јарем; раздели го лебот свој со гладните, и бездомните сиромаси закрили ги во до­мот свој; ако видиш гол, – облечи го, и од крвните сродници не криј се.